Македонија
ЗНМ бара Програмскиот совет на МРТ да го одложи донесувањето на Етичкиот кодекс
Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ) бара од Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија да го одложи донесувањето на Етичкиот кодекс за јавниот сервис.
„Предупредуваме дека ако Кодексот се донесе во предложената форма нема да го подобри известувањето на новинарите. Спротивно, ќе предизвика сериозни последици во работата на јавниот сервис. Постои реална опасност раководството на МРТ да злоупотреби одредени членови на Кодексот со цел да прави притисок врз новинарите.
Најголем недостаток на Кодексот е мешањето на новинарската етика со работната дисциплина. Не смее новинар да добие отказ за работа ако одбие задача што е спротивна на етичките принципи на новинарството“, велат од ЗНМ.
Понатаму се додава дека на новинарите не може да им судат за евентуално прекршување на етичките норми луѓе кои никогаш не работеле како новинари и се предложени од раководството на МРТ.
„ЗНМ го разгледа и изготви суштински забелешки со цел да се подобри текстот на Кодексот. Но Програмскиот совет на последната седница, без никакво образложение ги одби нашите сугестии и инсистира на денешната седница да биде усвоен“, соопштуваат од ЗНМ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

