Македонија
НБРМ ја зголемува понудата на благајнички записи

Каматната стапка останува непроменета, по три последователни намалувања, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на седницата во вторник.
Во услови на зголемена ликвидност во банкарскиот систем, на седницата се одлучи понудата на благајнички записи да се зголеми на 30.000 милиони денари, односно за 5.000 милиони денари повеќе од нивото на достасаните благајнички записи (25.000 милиони денари). Каматната стапка на благајничките записи изнесува 3,25%, колку што изнесуваше и на претходната аукција.
Сигналите за стабилизација и натаму се присутни во двата пункта каде што политичката криза имаше најголеми ефекти ‒ штедењето на населението и склоноста за располагање со девизи.
Првичните февруарски податоци упатуваат на понатамошен раст на штедењето на населението во банкарскиот систем, со што тие се зголемуваат девет месеци последователно. На девизниот пазар се задржани поволните движења, при што во првите два месеца од годината, збирно, НБРМ интервенира со нето-откуп на девизи. Девизните резерви и понатаму се на адекватно ниво. Поволните остварувања се во услови кога остварувањата и оцените за стабилноста на економските фундаменти и натаму се позитивни.
Во однос на економската активност, објавените проценети податоци за БДП за четвртиот квартал покажуваат раст на економијата, но малку посилен во однос на претходниот квартал (2,4% наспроти 2%, соодветно). Реалниот раст на БДП за целата 2016 година изнесува 2,4% и речиси и не отстапува од проекцијата на НБРМ од 2,3% за 2016 година. За првиот квартал од годината, бројот на расположливи вискофреквентни показатели е ограничен и премногу е рано за посигурни констатации.
Февруарските податоци за движењето на цените во домашната економија покажуваат годишен раст на инфлацијата од 0,2%, што е малку послаб раст на цените од очекувањата. Сепак, нагорните корекции на очекуваното движење за 2017 година кај влезните претпоставки за увозните цени упатуваат на потенцијални нагорни ризици во однос на проекцијата на инфлацијата во 2017 година, како последица на фактори на страната на понудата.
Во февруари, петти месеци по ред, продолжи зголемувањето на ликвидноста во банкарскиот систем, што се должи на редовните трансакции на државата, како и на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар за нето-откуп на девизи. Имено, во февруари, на девизниот пазар се воочуваат вообичаени сезонски движења кај понудата и побарувачката од клиентите на деловните банки, при што нето-продажбата на девизи којашто банките ја остварија беше на минатогодишното ниво. Сепак, во услови на солидна девизна ликвидност кон средината на месецот, на меѓубанкарскиот пазар се јави вишок понуда на девизи, што услови откуп на девизи на Народната банка во трансакциите со банките поддржувачи.
Во околности на натамошен раст на вишокот на денарски ликвидни средства, банките повторно го зголемија износот на пласирани средства во расположливи депозити кај Народната банка. Нивната состојба достигна високо ниво, односно 43% од износот на средствата пласирани во основниот инструмент за монетарно регулирање. Растот на потенцијалната ликвидност на банките, којашто тековно е насочена кон расположливите депозити кај Народната банка, се одвива во околности на намалена кредитна побарувачка во последниот период, што е резултат на неизвесноста поврзана со политичката криза. Во такви околности, како и поради тоа што банките немаат можности да инвестираат во други домашни долгорочни финансиски инструменти, на седницата беше заклучено да се повлече дел од овие средства, коишто веќе добиваат карактер на структурен вишок на ликвидност во банкарскиот систем.
Понатамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти е видливо и преку промените кај депозитите на населението во банкарскиот систем. Првичните податоци за февруари 2017 година покажуваат натамошен раст на штедењето на населението, деветти месец последователно. Сепак, вкупната депозитна база во февруари повторно забележа месечен пад, како последица на намалувањето на депозитите на претпријатијата. Ваквите остварувања доведоа до забавување на годишната динамика на раст на депозитите, сепак нивото на депозитите е повисоко во однос на очекувањата.
Во однос на кредитната активност, првичните податоци заклучно со февруари покажуваат продолжување на растот на кредитите на годишна основа и задржување на трендот на поизразено кредитирање на секторот „население“. Последните податоци за кредитната активност упатуваат на послаби остварувања во однос на проектираните за првиот квартал на 2017 година, согласно со октомвриската проекција.
Податоците за девизните резерви во февруари, во однос на крајот на 2016 година, покажуваат пад, во голем дел како резултат на фактори од привремен карактер. Сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона. Во однос на показателите од надворешниот сектор, за почетокот на годината се достапни податоци за менувачкиот пазар заклучно со втората декада од февруари, коишто упатуваат на нето-приливи од приватните трансфери што се блиски во однос на очекувањата.
Исто така, и последните расположливи податоци за надворешната трговија за јануари не упатуваат на остварувања различни од проектираните. Сепак, краткиот период и променливата сезонска динамика се ограничувачки фактор за донесување посигурни констатации во однос на очекувањата за целото тримесечје.
На меѓународните финансиски пазари се засилуваат пазарните очекувања за постепено нормализирање на монетарните услови од страна на глобално влијателните централни банки, како одговор на поизвесните нагорни ценовни придвижувања и солидните економски остварувања, како во САД, така и во евро-зоната. На состанокот на ЕЦБ, на почетокот на март, беше задржана тековната поставеност на монетарната политика, но се разгледуваа намалените дефлациски ризици, што придонесе за умерен раст на приносите на државните обврзници, во очекување за почеток на циклус на зголемување на каматите до крајот на годината. Во САД, пазарните учесници очекуваат дека централната банка ќе ги зголеми каматните стапки на состанокот на 15 март и дополнително, во јули и декември, што е во согласност со макроекономските остварувања и поволните услови на пазарот на труд.
На седницата беше заклучено дека оцените за стабилноста на економските основи и натаму се позитивни. Ризиците од домашните политички случувања сѐ уште се присутни и изразени. Воедно, и ризиците од глобалното окружување се повторно актуелни.
НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата, а идните промени во монетарната политика во голема мера ќе бидат условени од понатамошното стабилизирање на домашниот политички амбиент. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
УЈП: Инкасирани 2,3 милијарди денари или 37,4 милиони евра повеќе во буџетот споредбено со јули лани

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.
Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега.
По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.
„Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата“, велат од УЈП.
Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.
Економија
Потпишани договори за 828 проекти со 225 милиони евра преку капитални инвестиции

Со склучувањето на договорите за вториот повик од инструментот за капитални инвестиции, денес започнува нова фаза на големи вложувања во општините ширум Македонија, соопшти премиерот, Христијан Мицкоски.
Вкупната вредност на проектите изнесува 13,8 милијарди денари, односно околу 225 милиони евра, а се опфатени 828 проекти во различни области. Најголем дел од средствата, над 8 милијарди денари, ќе бидат инвестирани во инфраструктурата – патишта, мостови и локални врски.
Покрај тоа, во областа на животната средина ќе се реализираат 143 проекти со вкупна вредност од над 2,4 милијарди денари, кои се однесуваат на чиста вода, канализациски системи, управување со отпад и создавање нови паркови.
Во секторот образование, преку 48 проекти, ќе се инвестираат 1,6 милијарди денари за изградба и обнова на училишта и градинки, додека има и проекти поврзани со култура, спорт и социјална политика.
„Ова е најголемата инвестициска офанзива некогаш направена за општините, без партиски филтри и фаворизирања. Секоја општина што има проект добива поддршка,“ истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека со овие инвестиции се гради еднаквост и пристап до квалитетен живот за сите граѓани, без разлика на нивната локација, и најави дека нема да се дозволи запоставување на ниту еден регион.
Со склучените договори и веќе започнатите проекти, Мицкоски ја опиша оваа иницијатива како конкретен чекор кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во Македонија, која според него од хартија преминува во реалност.
Економија
Побрз живот – побрзи навики, и времето е пари

Живееме побрзо отколку што се живеело порано. На работа, дома, на улица, на интернет – сè се случува побрзо во споредба со минатото. Ова не е само паушална претпоставка изведена од нашите лични искуства, и науката докажува дека темпото на живот е забрзано. Постојат голем број студии и истражувања според кои модерниот начин на живот е подинамичен за разлика од пред 20 или 30 години. Некои од истражувањата се базираат на социолошки критериуми, додека, пак, други на технолошкиот развој. Едно од најзанимливите истражувања е она на професорот Ричард Вајсмен (Richard Wiseman) кој ја мерел брзината со која се движат пешаците во големите градови. Тој утврдил дека за 16 години, брзината, во просек, се зголемила за 10 отсто, односно луѓето сѐ повеќе брзаат кога се движат по градските тротоари.
Тргнете од сопствената практика и ќе утврдите дека од вас се очекува да направите повеќе работи во текот на денот во споредба со порано. Секојдневието е исполнето со обврски, рокови, мобилни нотификации и постојана трка со времето. Технологијата ни го олесни животот, но, истовремено, создаде нова динамика каде што сите очекуваат брза реакција, за само неколку минути. Во вакви услови, времето стана скапоцен ресурс затоа што, едноставно, имаме чувство дека сè помалку го има. Да, денот трае 1.440 минути, исто колку и пред сто години, но денес многу повеќе се цени можноста да завршите работа или да добиете услуга за неколку минути за да ви остане повеќе време за себе и за вашите најблиски.
Во услови кога изреката „и времето е пари“ станува сè порелевантна, на сите ни е важно да можеме само со неколку клика на мобилниот телефон да извадиме документ, да нарачаме храна, да резервираме одмор, да земеме брзи кредити.
Секако, кога се живее брзо, еден од највредните ресурси е брзиот пристап до пари. Credissimo има систем за одобрување кредити приспособен на брзото темпо на живот и обезбедува пари навреме за сите потреби, предизвици и желби на своите клиенти. Ќе доловиме само неколку ситуации кога е важно да имате брз и сигурен пристап до пари, со поволни услови за враќање.
- На интернет начекувате LAST MINUTE понуда за некоја атрактивна летна дестинација, но дел од сумата треба да се уплати во наредните 24 часа. Тоа е трошок што не сте го планирале, а би било супер да може да добиете позајмица уште истиот ден.
- Имате идеја за сопствен бизнис, но ви недостасуваат неколку илјади евра за да започнете со работа. Не сакате да губите време со долги банкарски процедури, бидејќи имате чувство дека треба да почнете веднаш.
- Ви се расипа автомобилот баш во сезона на летни одмори. Поправката не чини многу, но семејниот буџет е планиран за летување на море.
- Во некоја од соседните земји концерт најавува вашиот омилен бенд. Ви требаат пари за карти за концертот, за превоз, за сместување, храна и други трошоци. Правите пресметка дека сето тоа чини околу 400 евра, но во моментот немате толку средства на располагање.
Во вакви ситуации, времето е клучен фактор. Традиционалните начини на финансирање бараат долги процедури, документација и чекање. Затоа брзите кредити станаа составен дел од финансиската реалност на многу луѓе. Тоа не е случајно. Тие се приспособени токму на потребите на модерниот човек – брзина, едноставност и достапност.
Аплицирањето за брзи кредити во Credissimo е целосно онлајн, а постапката за одобрување трае само неколку минути, по што парите веднаш се достапни на вашата сметка. Притоа, нивните основни карактеристики се:
- Достапни 24/7 – идеални кога ви треба брз пристап до пари
- Транспарентни – со јасно дефинирани услови и трошоци
- Флексибилни – со можност за избор на износ и рок на отплата според вашите можности
Како дополнителна поволност, сè уште е во тек понудата за тримесечни кредити со 0 % камата, со која враќате точно онолку колку што сте позајмиле, без никакви дополнителни трошоци.
Брзиот начин на живот не мора да значи дека сте принудени да живеете под постојан финансиски притисок. Со внимателно користење на модерните финансиски алатки, како што се брзите кредити, може да имате повеќе контрола врз сопствениот буџет, повеќе слобода во носењето одлуки и можеби, најважно, повеќе мир и слободно време во секојдневието.
(ПР текст)