Македонија
Селмани: И во минатото сум добивал закани и провокации од луѓе на ДУИ
Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, во рамки на објава на неговиот фејсбук-профил откри дека најновите закани кои го добил од Бејтула Асани, братот на Бекир Асани, не се првите кои му ги упатиле луѓе од ДУИ.
„Не сум ги објавил јавно заканите затоа што не сум сакал во ниту еден момент силеџиите да помислат дека навистина им се плашам. Ги пријавувам заканите во полиција чисто да оставам трага ако некој од силеџиите на ДУИ се обиде да ги реализира нив. Сакам да им се заблагодарам на моите колеги за солидарноста што ја покажаа со мене. Ги уверувам дека ЗНМ, без разлика на заканите и уцените што се упатуваат кон мене, нема да се откажеме од нашата заедничка мисија, слободата на говорот во Македонија да биде дел од нашите животи, а не само во Уставот“, пишува Селмани.
Тој додава дека го цени професионалниот однос на министерот за внатрешни работи и на полицајците што постапуваа во овој случај.
„Тоа не можам да го кажам и за обвинителката Спасенка, која не можеше да препознае очигледна закана по мојот живот. Му се заблагодарувам на специјалниот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир, и на целиот дипломатски кор во Скопје, што силно застана во одбрана на слободата на говорот во Македонија. Денеска бев информиран дека овој инцидент го третираат многу сериозно во европски контекст по кукавичкото убиство на мои колеги во Малта и Словачка. Силно верувам дека македонските граѓани се сплотени во одбрана на европски вредности кои се атакувани од одредени политички маргиналци и силеџии“, се вели во објавата на Селмани.
Инаку, Селмани добил од Бејтула Асани порака со заканувачка содржина откако на „Фејсбук“ напишал дека правната држава клекнала пред еден силеџија, за случајот со пајакот и полицајката, притоа алудирајќи на Бекир Асани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.