Македонија
Груби: Законот за јазиците ќе се усвои деновиве
Законот за јазиците ќе се усвои деновиве. Ова го истакна претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, за време на средбата со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.
„Ниту еден друг закон не е дебатиран повеќе и подолго од Законот за јазиците и затоа дојде време да се затвори ова прашање со што успешно ќе го заокружиме нормативниот дел на Охридскиот договор“, рече Груби и додаде дека истата храброст во решавање на прашањата треба заеднички да биде демонстрирана и со спорот со името.
На средбата Груби истакна дека во земјата приоритет се ЕУ-реформите, кои се неопходни за отстранување на условената препорака за давање датум за почеток на преговорите за ЕУ-членство, во претстојниот годишен извештај на Европската комисија за Република Македонија во април.
Амбасадорот Ромео ги поддржа ЕУ-процесите во земјата, кои се во насока на нашите евро-атлантски интеграции, при што изрази надеж дека Македонија ќе ги испорача потребните резултати до затворањето на извештајот.
Во тој контекст, ја потврди италијанската заложба за интегрирање на земјите од Западен Балакан во ЕУ и НАТО, што беше потврдено и на последниот самит во Трст минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

