Забава
Работа од соништата – „Лего“ бара работник што ќе игра со коцки за 6.000 евра плата

„Леголенд центарот“ во Бирмингам, Велика Британија, бара мајстор градител, кој ќе ги игра со коцките, а притоа ќе биде платен со 6.000 евра месечно. На огласот досега се пријавиле 5.000 кандидати, но само еден ќе ја добие работата од соништата – да си игра до лего-коцките.
„Сакате ‘лего’ и имате доволно магија во себе за да им подготвите на децата незаборавни искуства со нови модели? Сакате да ширите радост и задоволство околу себе? Пријавете се и приклучете се на тимот во ‘Леголенд центарот’“, се вели во огласот за вработување. Кандидатот кој ќе биде избран работното време ќе го поминува во сложување на коцките и правење градби во ‘Лего центарот’ за истражување во Бирмингам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Два хороскопски знаци едвај чекаат да заврши годината – тогаш ќе пливаат во пари

Крајот на годината ќе биде особено интересен за два хороскопски знака кои конечно ќе се збогатат.
Бикот и Јарецот се хороскопски знаци кои ќе добијат многу пари до крајот на оваа година, конечно ќе ја имаат стабилноста за која сонуваат и тоа сè менува.
Крајот на годината носи нови астрални расположенија, а планетарните конфигурации ветуваат слатки моменти кога напорната работа конечно ќе се исплати. Бикот и Јарецот се меѓу оние кои ќе почувствуваат значителен напредок до крајот на 2025 година.
Не станува збор за брзи добивки или чудесна среќа, туку за конкретни можности, мудри одлуки и раст врз основа на нивната претходна упорност.
Бик – Стабилност преку мудри инвестиции
Биковите се познати по своето трпение и практичност, а овие квалитети доаѓаат до израз во овој период.
Тие ќе се фокусираат на долгорочни инвестиции, зачувување на постојните ресурси и паметно управување со буџетот.
Нивната способност да препознаваат квалитетни можности може да донесе стабилен раст и финансиска сигурност.
За Бикот, овој период носи зрелост во финансиите. Наместо импулси и брзи одлуки, вашата сила лежи во препознавањето на вредностите и изборот на инвестиции со долгорочен импакт.
Сега е време да ги прегледате вашите трошоци, да го зачувате она што веќе сте го стекнале и мудро да ги распределите вашите ресурси. Тие мали, но постојани акции создаваат значаен капацитет.
Јарец – Стратегија што носи резултати
Јарците се мајстори за планирање и систематска работа, што ги става во поволна позиција.
Проектите што ги граделе со години сега влегуваат во фаза на монетизација – преку унапредувања, договори или дополнителен приход.
Нивната дисциплина и доследност ќе бидат клучни за постигнување финансиски успех.
Јарците се познати по својот систематски пристап и практична дисциплина. Сега, кога некои проекти влегуваат во фаза каде што можат да се видат опипливи резултати, важно е да не се прескокнуваат чекорите. Добивките нема да дојдат само од среќа, туку од чекорите што сте ги изградиле и континуирано ги поставиле во текот на целата година. Затоа, сега се можни поволни договори, унапредувања или зголемување на платите.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Кејт Мидлтон има модно решение за секоја сезона

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон посети училиште со својот сопруг Вилијам и во оваа прилика повторно шармираше со својот моден аутфит.
Кејт отсекогаш имала префинет моден вкус и плени на секој чекор, притоа секогаш почитувајќи ги сите кралски правила во врска со облеката. Овој пат, ни го сервира совршениот есенски стајлинг и се чини дека е најубава во ова време од годината.
Принцезата совршено го комбинираше деловниот стил со женствени детали и прошета во долг капут со рамен крој кој беше ѕвезда на целиот нејзин стајлинг.
Сè надополни со широки панталони во слична нијанса, додека носеше светло розова кошула со голема машна на врвот за да ја „разбие“ комбинацијата.
Едноставни чевли од модната куќа Хуго Бос го заокружија ова елегантно класично издание, а сè може да изгледа совршено и со некој друг избор на обувки, ако одлучите да ја копирате принцезата.
фото: принтскрин
Забава
Истражување открива кој пол повеќе изневерува: веројатно ќе бидете изненадени

Експертите нагласуваат дека ниедна врска не е совршена и дека решението за незадоволството не е барање интимност со непознат човек, туку водење искрен разговор со партнерот.
Една студија спроведена на 3.000 луѓе откри дека тенденцијата за изневерување е почеста отколку што би помислиле. Анкетата се обиде да одговори на прашањето кој е повеќе наклонет кон изневерување и зошто луѓето прибегнуваат кон тоа, а резултатите изненадија многумина.
Според податоците објавени во 2018 година од британската агенција за запознавање Coffee & Company, жените се посклони кон изневерување од мажите.
Додека девет проценти од мажите рекле дека дефинитивно би изневерувале доколку бидат привлечени од некој друг, дури 25 проценти од жените рекле дека би имале афера во таква ситуација. Жените на возраст меѓу 35 и 40 години биле најсклони кон изневерување.
Причините зошто жените изневеруваат можат да бидат различни. Некои го прават тоа затоа што се чувствуваат физички или емоционално запоставени, додека други сакаат да додадат возбуда во врската што ја сметаат за предвидлива и здодевна.
„Coffee & Company“ наведува дека чувството на потценување или занемарување може да доведе и до барање некој што ќе им го врати чувството на вредност и интерес, пишува YourTango.
Сепак, експертите нагласуваат дека ниедна врска не е совршена и дека решението за незадоволството не е да се бара интимност со странец.
Многу е покорисно да разговарате со вашиот партнер и заедно да ги решавате проблемите, бидејќи тоа спречува трајно оштетување и дава можност за обнова на врската. На крајот на краиштата, искрената комуникација може да ни помогне да се сетиме зошто на почетокот се заљубивме во таа личност.
фото: принтскрин