Македонија
Манчевски во Брисел: Македонија ќе има стратегија за сајбер-безбедност
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска во Брисел истакна дека првпат Македонија подготвува национален оперативен план за широкопојасен интернет. Говорејќи за приоритетите, за интеграција во дигиталниот пазар на Европската Унија, Манчевски рече дека најпосле Македонија ќе има стратегија за сајбер-безбедност, на што активно се работи периодов.
„МИОА во моментот работи во повеќе сфери со цел целосна дигитализација на земјата. Првпат во Македонија подготвуваме национален оперативен план за широкопојасен интернет. Конечно, Македонија ќе има стратегија за сајбер-безбедност, на што активно работиме периодов. Исто така, работиме на зголемување на бројот на е-услуги кои ќе бидат дел од првиот национален портал, со цел да се подобри и олесни животот на граѓаните“, информира министерот Манчевски.

Како што истакна министерот, за реализација на овие проекти од особено значење е поддршката на меѓународната заедница и донаторите.
На состанокот министерот информира и за дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи во Скопје на 18 и 19 април. Ги претстави четирите панел-сесии, кои се дел од официјалната агенда, каде што говорници ќе бидат министрите од регионот задолжени за дигиталната агенда, како и експерти во секој од областите.
Дигиталниот самит има цел да го приближи регионот кон Европската Унија од дигитален аспект, со намалување на цените на роамингот, размена на искуства, отворање на вратите за единствен дигитален пазар, отворање можност младите да се преквалификуваат во земјите од ЕУ и многу дружи можности што треба да произлезат како заклучоци од овој самит. Како што истакна Манчевски, на овој начин земјите од регионот ќе влезат во ЕУ пред официјалното политичко зачленување во европското семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

