Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ претходно го прифати законот за употребата на јазиците

Ја охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ да ги напушти политиките на поделби, на деструкција и да го прифати концептот на едно општество, порача СДСМ во соопштение испратено до јавноста.
„Фактот што токму ВМРО-ДПМНЕ претходно веќе го прифати законот за употреба на јазиците е доказ за нивното лицемерие. Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5 кои се донесени пред 17 години. Со неговото усвојување не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите, а тоа е цивилизациска придобивка“, велат од СДСМ
Тие понатаму велат дека ја охрабруваат ВМРО-ДПМНЕ да собере сили и да ги надмине погубните политики на Никола Груевски, коишто промовираат поделби, деструкција и омраза, и навистина да го прифати концептот на едно општество за сите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево ќе ги поврзува модерна пруга – Владата почнува со подготвки, ЕУ поддржува со 5,3 милиони евра

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево на коридор 8, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Во прва фаза, преку Европската Унија ќе се обезбеди грант од 5, 3 милион евра за физибилити студија, а носечка институција ќе биде Европската банка за обнова и развој која ќе избере Консултант за изработка на студиите согласно највисоките европски стандарди. По изработката на анализите, во втора фаза ќе започнат работите на пругата, потенцираше вицепремиерот Николоски.
„Ова е следна точка во делот на железничката инфраструктура во Македонија. Сега почнуваме подготвителни активности и за западното крило на коридор 8, почнуваме со постојната железничка линија од Скопје до Кичево која што е во лоша состојба бидејќи во моментов невозможно е по нејзе да оперираат возови и затоа решивме да ја реконструираме. Второ ставаме модерна сигнализација согласно најдобрите европски стандарди за безбедност и сигнализација и трето истата да ја електрифицираме бидејчи и пругата сега да беше во добра состоја по нејзе би можеле да оперираат само дизел локомотивои. Ова ќе значи подобро поврзување помеѓу Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево. За истата разговраваме со ЕУ и се договороивме ЕУ да обезбеди грант од 5, 3 милиони евра за физибилити студија со анализа на трошоци и приодбивки, идејни проекти и нацрт текст за инвестициски грант. За истото, водечка институција ќе биде ЕБОР, согласно внатрешните процедури на Банката, тие ќе изберат Консултант кој што ќе ги работи овие студии, рокот за изработка за овие студии по највисоки европски стандарди е 18 месеци и посел тоа ќе одиме на втора фаза, а тоа се работи на терен”- истакна вицепремирот Николоски.
Тој додаде дека во напредна фаза е изградбата на брзата пруга на коридор 10, исто така беше пуштена во функција пругата од Куманово до Бељаковце, исто така се работи на пругата од Бељаковце до Крива Паланка и пред финален договор сме со Бугарија за железничко поврзување.
Македонија
Одложени рочишта во Кривичниот суд поради неспроведување на притвореници – Утковски: Затворот има недостиг на возила и кадар

Во изминатите два дена, речиси сите насрочени рочишта во Основниот кривичен суд Скопје биле одложени, со навремена достава на покани до странките, поради тоа што од затворот во Шутo Оризари не биле спроведени притворените лица на закажаните рочишта.
Од Судот наведуваат дека меѓу одложените предмети имало и случаи од одделот за организиран криминал и корупција, со повеќе од десетина обвинети, за кои течат законски рокови за постапување. Судот нагласува дека мерката притвор е наменета исклучиво за обезбедување присуство на обвинетите и не смее да се претвори во казна.
Во писмото до директорот на затворот, Судот потенцира дека затворот е „сервис на судот“ и дека негова задача е да го обезбеди присуството на обвинетите. Судот очекува ваквата ситуација повеќе да не се повторува.
Директорот на КПУ Затвор Скопје, Бобан Утковски, информира дека проблемите се последица на ограничениот број возила и намалениот број на вработени во Затворската полиција. Тој наведува дека на 18 август биле планирани 12 спроводи, од кои биле реализирани 8, а на 19 август од 19 планирани, биле реализирани 16.
Утковски појаснува дека Затвор Скопје врши спроводи не само за Основниот кривичен суд Скопје, туку и за сите судови и обвинителства низ целата држава, вклучувајќи ги Гостивар, Тетово, Кичево, Куманово, Велес, Штип, Битола, Охрид и Кочани, при што постапува согласно можностите и капацитетите.
Македонија
Царината заплени тутун за наргиле кај Блаце во вредност од 13.000 евра, возачот забрзал кон рампата за да ја избегне контролата

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари, односно 13.000 евра. Против едно лице е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство поради основано сомневање за сторено кривично дело криумчарење и спречување службено лице во вршење службено дејствие, казниви по Кривичниот законик.
Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин. Лицето, со намера незаконски да ја избегне царинската контрола, одбило да го запре возилото пред царинскиот службеник и со зголемена брзина се упатило кон рампата, со што го попречило во извршување на службеното дејствие.
При запирањето на возилото, истото било селектирано за детална контрола, при што биле пронајдени 13 кутии со 312 лименки со вкупно 78 килограми тутун за наргиле. Со ова е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока за која не биле платени давачки во висина од 508.048 денари.
Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое по преземените предистражни дејствија поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство.