Македонија
Времето денеска променливо облачно и ветровито
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен повремено силен јужен ветер над 80 километри на час, а на планините и над 100 километри на час. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Највисоката темература ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен повремено силен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 25 степени.
Времето утре ќе биде претежно облачно со повремен пороен дожд и ретки грмежи, особено повеќе врнежи се очекуваат во источните и североисточните делови на земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 5 до 11,а највисоката температура ќе достигне од10 до 18 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мигранти за пари, Мицкоски ја распродава иднината на Македонија“, велат од СДСМ
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ-ЗНАМ признаа дека постои договор ‘мигранти за пари’. Во нивната контра Резолуција на ДПМНЕ воопшто нема одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите под превезот на ‘економски работници’ и ‘нелегални мигранти’“, велат од СДСМ.
„Ова е национално предавство за пари. Владата на Христијан Мицкоски ја става иднината на Македонија на пазар, на распродажба.
Државата е во тешка финансиска состојба, трезорот се затвора пред време, доцнат исплати на породилно, социјална помош, ДДВ, нема пари за плати и пензии. На власта и требаат пари ама не за граѓаните туку за да им врват наместените тендери.
Затоа договара мигранти за пари и скапи кредити кои утре ќе ги враќаат младите, идните македонски генерации.
СДСМ ќе се спротивстави и нема да го дозволи ова национално предаство, оваа распродажба.
Имаме решение. Нема да има мигранти, туку домаќинска политика, како во времето на СДСМ кога ги зголемивме платите и пензиите а државата одеше напред.
Наместо 161 тендер за една фирма, парите ќе се насочат кон за зголемување на платите и пензиите. Без криминал и корупција, без мигранти, парите назад кај граѓаните, со поголеми плати и пензии.
Одбраната на Македонија започна и нема да престане! Сите ќе одговарате!“, соопшти СДСМ.
Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија: Земјотресот е со епицентар на 42 километри северно од Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.

