Македонија
Судењето за смртта на Алмир – тема на седницата на Претседателството на ДУИ
Претседателството на Демократската унија за интеграција на состанок во Тетово разговарало и за судскиот процес за случајот со малиот Алмир. Од партијата „изразуваат длабока загриженост што во самото Обвинителство има разлики што се однесува на одлуката за преквалификација на делото од убиство во друго кривично дело и бараат итно адресирање на нивната загриженост“.
„Во пресрет на најавените реформи за реформирање на судскиот систем сметаме дека ова дејствување не придонесува во овој правец, несакајки да се мешаме и да преудицираме во начинот на читање на фактите. Исто така, строго го осудуваме скандалозното и нечовечно однесување кое се виде вчера од обвинетиот“, соопшти партијата. ДУИ јавно апелира до судските органи во духот на нашите интереси за побрзо интегрирање во евроатланските структури на земјата, да го примениме секој збор од законот со цел на зајакнување на правниот поредок и владеењето на правото.
Ваквата реакција следи откако четворица обвинители – Џелал Бајрами, Ферат Елези, Башким Бесими и Исмаил Дардишта се четворицата обвинители испратија писмо до јавноста, со кое реагираат дека се против одлуката на кумановското обвинителство и кумановскиот суд на обвинетиот Бобан Илиќ да му се суди за тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот наместо за убиство на малиот Алмир. Нивната реакција велат дека следува бидејќи со преквалификацијата имало повреда на основните начела на Законот за јавното обвинителство. Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, ја осуди постапката на четворицата обвинители, истакнувајќи дека таквото обраќање е непрофесионално и се прекршил етичкиот кодекс на јавните обвинители во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

