Македонија
О2 Коалиција: Купуваат ли време Уставниот суд и општина Карпош за инвеститорите на спорните ДУП-ови?
Дали општината Карпош во последен момент се обидува да „им купи време“ на градежните инвеститори, поднесувајќи дописи со кои се очекува одложување на одлуката на Уставниот суд? Ако за старото раководство немавме дилеми, сега ни се отвора прашањето, за чии интереси работи новото раководство на Општина Карпош, на жителите или на инвеститорите? Дали Уставниот суд не одлучува по иницијативите од истите причини?, прашува О2 Коалицијата.
Тие денеска соопштија дека речиси пет месеци по финалното поднесување на граѓанските Иницијативи до Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план З 04, З 05, СЗ 19 (Влае 2) и повеќе од шест месеци за З 06, граѓаните на Општина Карпош сè уште ја очекуваат финалната одлука како потврда за почитување на процедурите и во корист на жителите на општината. Сите 4 иницијативи се повикуваат на еден ист податок, односно фактот дека општината Карпош, не ја објавила Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена за влијание на животната средина на својата официјална веб- страна, со што е повредена постапката за донесување на ДУП-от. Со необјавувањето, правото на жалба на овие одлуки било оневозможено.
Во сите одговори се наведува дека Иницијативата ја сметаат за неоснована, бидејќи Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена била истакната на огласната табла, а постапката запазена. Општината му предлага на Уставниот суд да ја отфрли граѓанската инцијатива. Тврдењата на општина Карпош се неточни и свесно се спинува одговорот без прецизно наведување дали одлуката била објавена на веб-страната на општината…

„Разочарувачки за нас граѓаните е што Општина Карпош под водство на новиот градоначалник, прво дозволува да се испратат неточни одговори од Секторот за урбанизам на 1 декември по однос на 3 Иницијативи за што одговорноста ја има Советот на Општина Карпош. Претседателот на овој Совет, Андреј Манолев, доставува покасно дополнителни одговори само за два предмета (З 04 и З 05) на 28 Декември, а дури месец дена покасно, два дена пред одржување на седницата на Уставен суд, за предмет (З 06) по кој треба да се одлучува на таа седница и кој е тргнат поради пристигнатиот одговор од Општина Карпош, согласно деловникот. Дополнителен одговор не е испратен за СЗ 19, Влае 2. Сето ова наведува на свесно манипулирање со податоците и времето кога одговорите се доставени или не од страна на општината, со цел да се пролонгира носењето на одлуки од страна на Уставниот суд и во меѓувреме градењето, издавањето на дозволи и сите други акти да продолжат непречено“. велат од О2 Коалицијата.
Сппред нив, освен Решението за ДУП З 06, Уставниот суд нема донесено решение за поведување на постапка за З 04, З 05 и СЗ 19, иако има добиено одговори од општина Карпош пред три и пол и пред два и пол месеци. Колку време е потребно да се утврди дека Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијание на животната средина не била објавена на веб-страната на општината? Изминати се повеќе од месец и пол дена, но предметот за ДУП З 06 не е вратен за одлучување, иако во дописот од општина Карпош нема нови наоди. Можеби Уставниот суд е затрпан од предмети? Можеби работи дење-ноќе, но не постигнува? Ако погледнеме, Уставниот суд во 2017 донел 159 одлуки/решенија. Има 8 уставни судии, што би дошло по нецели 20 одлуки по судија годишно, помалку од 2 месечно! Уставниот суд во Црна Гора има 7 уставни судии кои во 2016 завршиле 1163 предмети, 166 предмети по судија годишно, односно скоро 14 месечно. Не е до затрпаноста и деноноќното работење“, велат од невладината организација.
Според нив, Уставниот суд нема рок по кој мора да одлучи по одреден предмет, може да ги чува во фиока неодредено време без никакви реперкусии. „Пролонгирањето на одлуките, особоено за З 04, делот помеѓу Вардар и Илинденска, носи тешко отстранливи последици со оглед дека се гради без пречка и дење и ноќе, па додека Уставниот суд донесе Решение за поведување на постапака, нема да има основа врз која би донел времена мерка за запирање на дејствија по овој ДУП. Можеби тоа е намерата?Го повикуваме претседателот на Уставниот суд да преземе одговорност, ја утврди причината за ваквото одоговлекување и побара одлучување по овие предмети веднаш“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти
Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието. Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и устата пена им фати од говорење дека била најдобрата, ја немаат ниту поднесено во Собрание“, рече Стојаноски.
Тој кажа дека Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која е поднесена и е на дневен ред, денес ќе биде изгласана и со тоа ќе ја затвориме измислената тема од страна на СДС за наводни мигранти во Македонија.
Македонија
СДСМ: Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски
Свиркачи од Министерството за здравство информираат дека Владата на Христијан Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови со сомнителен квалитет, кој беше укинат во времето на СДСМ, велат од опозициската партија.
„Еве како планира владата на Мицкоски да го направи тоа, со измена на член од Закон за до членство на ЕУ да може да тераат паралелен увоз. Не сакаат во ЕУ заради пари, тргуваат и со здравјето на луѓето. Информациите за намерите на власта ги потврдуваат и некои здруженија но и многу пациенти кои стравуваат од лекови со крајно лош квалитет опасни по здравјето. Токму преку паралелниот увоз на лекови власта на ДПМНЕ и Никола Груевски ги правеше најголемите криминали на штета на здравјето на граѓаните“, велат од СДСМ.
Од таму велат дека во 2016 бил откриен скандал дека во државава биле внесени фалсификувани лекови и тоа дел од нив биле откриени на Клиниката за онкологија каде се лекуваат пациенти болни од рак.
„Затоа СДСМ го забрани. Но, криминалот за ДПМНЕ е поважен од здравјето на граѓаните. Оттука се овие обиди на власта да го врати паралелниот увоз на лекови. Само заради бизниси со тендери. За пари. Ова се случува во време на корупциски скандали и обиди на власта да дефокусира од темите со мигрантите и недостатокот на пари. На мала врата буктаат вакви сериозни и големи работи. СДСМ ги поддржи сите акции кои ќе значат спречување на овој обид на власта да го врати паралелниот увоз и да ги загрози животот на пациените за пари“, наведува СДСМ.
Македонија
СДС да не го злоупотребува случајот со новороденчето за дневнополитички поени, бара ВМРО-ДПМНЕ
СДС да престанат да се однесуваат како хиени и чим дознаат за нечија смрт, да им се јавува павловиот рефлекс, и да се радуваат над нечија тажна судбина како што е случајот со новороденчето на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Она што е јасно како бел ден е дека сите неопходни протоколи се преземени и сите надлежни институции се известени. И доколку се утврди било каква човечка грешка истите ќе бидат отстранети и ќе има одговорност за причинителите за несреќата. Ниту ќе биде сокриен некој, ниту овој случај ќе биде заташкан како многу претходно кога Филипче беше министер за здравство. Тоа е важната разлика помеѓу оваа и претходната влада. Не е во ничиј интерес да се сокрие било што. Наместо сочувство до семејството, СДС прави политика од смртта на новороденчето. Тоа е за секаква осуда“, велат од партијата.

