Македонија
По 70 години реновирана метеоролошката станица во Крива Паланка

По цели 70 години се реновираше главната метеоролошката станица во Крива Паланка, која е дел од мрежата на станици на мeтеоролошкиот набљудувачки систем во земјава. Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство преку Управата за хидрометеоролошки работи, отсега навремено ќе добива податоци за временските услови, климата и нејзините промени од кои во голема мера зависи земјоделското производство.
На барање на Управата за хидрометеоролошки работи, Владата донесе одлука за обезбедување на 2 милиони денари од буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за реновирање на станиците во Крива Паланка, Штип и во Демир Капија, и 3 милиони денари за поправка на радарскиот систем во Ѓуриште.
Владата во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи да презема мерки за осовременување на метеоролошкиот набљудувачки систем од кој зависи земјоделското производство. Во насока на справување со климатските промени и добивање точни информации, е и Проектот за намалување на негативното влијание од климатските промени, поддржан од ФАО, преку кој се набавени модерни агрометеоролошки станици, инсталирани на три локации: Градско, Кочани и Струмица, а кои ќе бидат управувани од Управата за хидрометоролошки работи.
Градежните работи во Крива Паланка се завршени и во моментов се работи во Штип и во Демир Капија. Во овие три производни региони каде што се произведуваат стратешки земјоделски култури: градинарски, овошни и ориз, е многу важно редовното следење на временските прилики. Информациите ќе бидат достапни до земјоделците преку веб страна со која управува УХМР, а на која покрај временската прогноза и сезонските прогнози, се презентирани и други информации кои им се потребни на земјоделците за преземање на соодветни агротехнички мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.