Македонија
(Видео) Ристески: Пожарот е подметнат, се сомневам на политички мотивиран чин
Координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Општина Прилеп, Петар Ристески, чија викендичка синоќа беше опожарена, изјави дека пожарот бил подметнат и се сомнева на политички мотивиран чин.
„Во моментот навистина не можам ниту да се сомневам во некој ниту да посочам со прст лично кон некого кој е сторителот. Но, единствено што ми паѓа на памет е дека ова е политички сторено дело“, рече Ристески, кој изрази сомнеж дека некому му пречи неговиот политички ангажман.
Рече дека неговите сомнежи дополнително ги разгорува фактот што во викендичката немало никаков електричен приклучок, електрични апарати или уреди на гас, па повика МВР да ја врши слободно својата работи и бргу да ги открие сторителите и нарачателите на палењето на неговата викенд-куќа.
Ристески додаде дека ова не е првпат да се посегне по неговата безбедност и објект во негова сопственост, со оглед на тоа што кога СДСМ славел победа, била уништена портата од неговата куќа, но полицијата не го повикала да даде изјава, а не е поведена ни судска постапка против никого.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

