Македонија
Следуваат неколку постудени денови со дожд и послаб снег

Времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно во планинските делови на исток и особено на запад ќе има услови за краткотраен дожд. На високите планини ќе врне слаб снег. Во посеверните делови ќе има претежно умерен западен ветер, а во југозападните и јужните делови ветерот повремено ќе се засилува. Попладне облачноста ќе се намали. Температурите ќе се движат од 2 до 6, а максималните од 11 до 19 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно со услови за појава на слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 15 степени.
Во среда повторно ќе има врнежи кои ќе бидат поинтензивни на запад и потоа ќе се прошират кон север. Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток, при тоа ќе поминуваат од врнежи од дожд во врнежи од снег. Во четврток ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот ќе врне дожд. Врнежи со помал интензитет се очекуваат и во петок кога ќе е најстудено, кога ќе провејува и снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).