Македонија
(Видео) Мицкоски во Струмица: Заев се користи со ниски страсти и ги злоупотребува децата
Теренските активности на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска продолжија со посета на Струмица и струмичко. Тој имаше средба со младите од општина Босилово, каде како што изјави, „разговарале за актуелната политичко економска состојба, за беспреспективноста на младите, урнатите институции и надежи, за урнатите очекувања, безидејноста од страна на владата, немањето на проекти, сето она што беше ветувано за време на предизборието останува само едно голо слово пишано на хартија, а реализацијата изостанува“. „Немаме практично никаква реализација и она што мене ме загрижува е тоа дека се поголема е разочараноста кај младите и се поголема е барањето алтернатива за напуштање на нашата држава“, изјави Мицкоски.
Според него, „сето она што беше ветувано во предизборието дека голем дел од младите кои што претходно се иселиле ќе се вратат, напротив гледаме само акцелиризиран процес на дополнително иселување и желба за заминување од Република Македонија поради бесперспективност и немањето можност кои што во овој момент се резултат на тотално погрешните политики на Владата“.
„Исто така сакам да порачам две работи денеска. Првата е бескрупулозната изјава на претседателот на Владата, господинот Зоран Заев каде што користи ниски страсти, ги злоупотребува децата за дневно политички цели. Тоа не е мое ниво, но нема да останам индиферентен и да не го искоментирам тоа. Навистина непримерно од страна на претседателот на Владата и се надевам дека тоа нема да му се повтори во иднина да користи ниски страсти и да ги злоупотребува децата за дневно политички цели.
И втората работа што исто така ме загрижува е информацијата која што ја добивам од полициски извори дека имаме мобилизираност на припадниците на МВР за дополнително задушување на можноста на граѓаните да го изразат својот демократски револт, демократски пркос преку протест. На тој начин апелирам не само што не се помага во процесот на заедничко надминување и подобрување на реформските процеси. туку уште дополнително се загрозува на овој начин. Затоа ја користам оваа прилика да апелирам и до МВР, но и до господинот Зоран Заев, да не ги злоупотребува чувствата, да не ги злоупотребува институциите и на тој начин да го ограничува демократското право на секој граѓанин да го изрази сопствениот револт. Се разбира, не насилно. Ние уште во текот на вчерашниот ден тоа го кажавме дека насилство не е оправдано и ние никако не можеме да подржиме насилство. Но, секој оној мирен израз на револт е основно загарантирано демократско право на секоја граѓанин во Република Македонија“, апелираше Мицкоски.
Рој додаде дека доколку се сведоци повторно на приведувања, закани, притисоци од страна на МВР – тоа не е само што не му помага на процесот со реформи, туку напротив му одмага и го отежнува дополнително. Запрашан како ја коментира изјавата на премиерот Заев дека на протестите се користи говор на омраза и дека биле подготвени веќе првите кривични пријави, Мицкоски рече: „ Јас уште од тука од Струмица апелирав до господинот Зоран Заев за разум. Да не презема акција како што презема и да ги прекрши процедурите во Собранието, Деловникот, законите, Уставот, да не се однесува насилнички поддржан од Талат Џафери, да ги испочитуваат процедурите и Деловникот во Собранието кога ќе дојде на дневен ред предлогот на законот за јазиците. Но, сведоци бевме на едно девијантно однесување од страна на претседателот на Собранието, господинот Џафери но и поддржан од пратениците на СДСМ и господинот Зоран Заев. Како реакција на таа неделовничка и незаконска акција се случуваат очигледно низ Македонија протести, бидејќи тоа предизвика чувства кај граѓаните. И сите тие кои што демократски без насилство го изразуваат својот револт апсолутно имаме разбирање за нив. Насилство не е дозволиво, ние како политичка партија не поддржуваме насилни протести. Но, протести каде што граѓаните на мирен начин го изразуваат револтот тогаш можеме да кажеме дека се апсолутно во согласност на онаа акција која што беше спротивно на Деловникот и законите во Република Македонија“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Околу говорот на омраза, Мицкоски додаде: „Ќе ве потсетам на една изјава на премиерот кога пред своите сопартијци јавно кажуваше дека ќе јаде живи луѓе кога ќе дојде на власт, очигледно дека почна тоа сценарио да го практикува. Не само што јаде живи луѓе и не само што не практикува политики, туку основна водилка во неговото однесување претставува заканата, уцената притисокот и тоа е недозволиво за држава каква што е Македонија која што планира да биде дел од европските вредности во европското семејство. Јас само би му препорачал да се контролираат во изјавите, да внимава што зборува, бидејќи навистина денот кога ќе треба да поднесе полна одговорност за овие изјави доаѓа многу брзо, побрзо од што и тој самиот е свесен“, порача Мицкоски од просториите на ОК Струмица на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

