Македонија
„Нашето име е Македонија“ – порачаа учесниците на протестот во Канада
Пред парламентот на Онтарио се одржа мирен протестен собир ,,Нашето име е Македнија“, организиран од македонско-канадската заедница за поддршка на Македонија и ставање крај на „антимакедонските преговори за името“.

Протестот обоен во црвено-жолтатата боја, започна со интонирање на националните химни на Канада и Македонија, а продожи со молитва од страна на присутните свештеници во македонските православни цркви во Канада. ,,Денес ние Македонците од Торонто и од други градови им се придружуваме на нашите браќа и сестри во Македонија, САД, Австралија и Европа, барајќи итен прекин на преговорите за името со Грција. Наметнатите антимакедонски преговори за името го загрозуваат опстанокот на Македонија и ги нарушуваат сите меѓународни конвенции и конвенциите на Обединетите нации за човекови права, на кои и Канада е потписник. Ја повикуваме меѓународната заедница да ги поддржи нашите основни права на самоопределување и самоидентификација. Исто така, сакаме да ја дадеме нашата целосна поддршка на претседателот Георге Иванов за вето на неуставниот закон за јазиците“, е пораката испратена на протестот.

Претседател на Светскиот македонски конгрес – Канада, Боне-Боби Темелков, кој е еден од организаторите на овој протест, ја презентираше Декларацијата за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на македонската нација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

