Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта не направи ништо за да ги задржи младите во државата

Многу зборови, ниедно дело. СДСМ изминативе 10 месеци покажа дека младите не им се приоритет и дека сè што им ветуваа пред изборите било само една обична изборна лага. 10 месеци како СДСМ е на власт, нема направено ништо за задржување на младите во државата, а младите уште повеќе се иселуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев денес потврди дека Владата на СДСМ за 10 месеци не направила ниту една инвестиција во образованието ниту, пак, направила нешто во насока на подобрување на младинскиот стандард. Заев денес кажа дека наместо да сработи нешто за младите, потрошил 10 месеци за составување работни групи помеѓу Владата и граѓанските организации. Тоа се 10 месеци, период во кој власта не направила ништо за младите“, велат од партијата.
Помпезно најавуваната младинска гаранција од страна на СДСМ, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, се утврди како огромна лага.
„СДСМ ветуваше дека ќе ја намали младинската невработеност и ќе ги врати младите во државата. 10 месеци како СДСМ е на власт, нема направено ништо за задржување на младите во државата, а младите уште повеќе се иселуваат. СДСМ пред изборите ветуваше почнување со изградба на студентски град на местото на студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“. Поминаа 10 месеци, а од најавениот студентски град на СДСМ ни трага ни глас“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гори депонијата „Вардариште“, соопшти ЦУК

На територијата на државата евидентиран е еден пожар на отворен простор до 18:00 часот, соопшти ЦУК.
Според последните информации од центарот, гори депонијата „Вардариште“ во Општина Гази Баба.
Македонија
МВР со апел за фер и спортско навивање: било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот.
„Во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 02.08.2025 во Спортската сала во Куманово, во СВР Куманово веќе се повикани неколку осомничени лица со кои што е извршен службен разговор, и по извршени анализи во координација со ОЈО Куманово ќе бидат преземени конкретни законски мерки против инволвираните лица, вклучително и кривични постапки. Денеска, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.М. (30) од Куманово, кој се сомничи дека на полувреме од кошаркарскиот натпревар се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина. По целосно расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.
Во тој контекст, МВР уште еднаш нагласува дека во рамки на обезбедувањето на мирни и непречени спортски натпревари, полицијата ќе биде крајно ригорозна по однос на било какви нарушувања на јавниот ред и мир, односно било какви навредливи скандирања врз база на национална, етничка или верска припадност и тоа ќе биде најстрого санкционирано, без никаква толеранција. Само спортското фер навивање и бодрење може да ни донесе успеси, победи и спортски радости.
Македонија
Со ВМРО-ДПМНЕ исчезнува македонската култура, велат од СДСМ

Љутков и ВМРО-ДПМНЕ ја оставаат спомен-куќата на Петре М. Андреевски да скапува, тоа е нивниот патриотизам, велат од СДСМ.
Срамно е, болно и понижувачки за целата држава, додаваат од опозициската партија, кога синот на Петре М. Андреевски, еден од најголемите великани на македонската книжевност, мора да бара поддршка за да се спаси спомен-куќата на неговиот татко од влага, заборав и молк.
„Но тоа е резултатот кога министерот Љутков ја зголемува ставката за патувања и репрезентации на сметка на буџетските средства наменети за заштита на културното наследство.
Оваа спомен-куќа, оваа меморијална постановка во Слоештица, беше создадена токму во време на владеење на СДСМ – со јасна намера: трајно да се сочува споменот на творецот на „Пиреј“, творецот кој ја однесе Македонија до светските книжевни височини.
А денес? Денес тоа светилиште на македонската литература е оставено на забот на времето, игнорирано од министерот Љутков и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, кои инаку постојано се повикуваат на „чување на македонскиот идентитет“.
Ова, според СДСМ, не е обична негрижа, туку културен вандализам под раководство на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ.
„Ги красат бините со зборови за традиција, а ја пустошат суштината на нашата културна меморија. Ги споменуваат Карев и Делчев за дневно-политички поени, а го забораваат Петрета – кој ја воспеваше Македонија не со знамиња, туку со збор.
Оваа небрежност е културно предавство. Денес е Петре, утре ќе биде некој друг. А кога ќе ја снема културата- ќе ја снема и државата. Затоа СДСМ бара итна реакција, без разлика на кого е надлежноста, и спомен-куќата на Петре М. Андреевски да се стави под државна заштита и за истата да се обезбедат средства за одржување“.
Очигледно истакнуваат од СДСМ, ова е новата културна политика со која власта докажува дека не ја цени ниту државата ниту делото и ликот на нашите великани.
„Ако не знаете кој е Петре – прашајте ги учениците. Тие сè уште читаат „Пиреј“.
Ако не знаете што значи држава – прашајте нè нас. Зашто држава се гради со заштита и чување на културната посебност, а не со заборав.