Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Следно на агендата на Заев е промена на името
СДСМ шверцерски и неуставно се обиде да го протне законот за двојазичност, истакнуваат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ сега шверцерски се обидува да протне и промена на нашето име. Кое е името што Заев сам одлучил да ` го предложи на Грција? Дали предлага само отстапки во однос на времената референца и дава предлози за меѓународното име или предлага некаков пакет? Кој му дал мандат на Заев и со кого се консултирал за да дава предлог на соседна Грција? Во чие име дава предлози?“, се дел од прaшањата што ги поставуваат од партијата во врска со спорот за името.
Оттаму истакнуваат дека целата јавност, вклучувајќи ги и најверните симпатизери на СДСМ, гледаат како Зоран Заев ја распродава и уништува државата и додаваат дека гневот меѓу граѓаните секојдневно расте.
„Затоа на Зоран Заев му е потребна помош од обвинителството и судот, кои под притисок на власта мора да конструираат политички случаи. Затоа невини луѓе се испраќаат во притвори. Граѓаните мора да бидат дефокусирани од антидржавните политики на власта. Четврти месец без никаков доказ пратеници, уметници, полициски службеници и патриоти се држат во притвор. Истрагата заврши, а со тоа отпадна и последната основа за изживување и нивно држење во притвор“, стои во соопштението.
ОД ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта на чело со СДСМ го користи притворот како казна за сите неистомисленици и политички непријатели на Заев.
„Ова лудило мора да запре. Обвинителството мора да почне професионално да работи и наместо да ги расчистува сметките на Заев со неговите политички противници, да се справи со напливот на криминал кој дојде заедно со оваа власт. Судот мора да престане да работи по партиски директиви и наместо политика да дели правда. Македонија мора што побрзо да се врати на вистинската патека, патеката на демократијата, просперитетот и напредокот“, нагласуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

