Македонија
Општина Прилеп и ЈКП „Комуналец“ засадија дрвја на Могилата на непобедените
По повод Денот на пролетта, денеска во Паркот на револуцијата, градоначалникот Илија Јованоски, пратеникот Хари Локвенец, претседателот на Советот, Миле Талевски, директорот на ЈКП „Комуналец“, Ѕвонко Јованоски, советници и вработени во Општина Прилеп, засадија 12 кипариси.
„Почнува пролетта. Ќе биде бериќетна бидејќи врне дожд. По тој повод засадивме млади дрвја во Паркот на револуцијата. Бидејќи денеска е и Денот на децата до Даунов синдром, во ОУ „Климент Охридски“ беа засадени цвеќиња и 30 дрвја, младите од невладините организациии чистеа и диви депонии во околината на Прилеп. Акцијата се реализира во соработка со ЈКП ‘Комуналец’ со цел да покажеме дека екологијата ни е важна за градот, за еколошки Прилеп“, порача градоначалникот Јованоски.
Звонко Јованоски, в.д. директор на ЈКП „Комуналец“, информира дека претпријатието работи на терен.
„И комуналните работници, кои целосно се посветени на чистата животна средина, денеска на еден симболичен начин, со засадување млади садници во Паркот на револуцијата, го одбележаа Денот на пролетта. ЈКП ‘Комуналец’ почна со активности за пролетно чистење на градот. Приоритети ни се депониите во градот и околината, кастрењето на градското зеленило, засадувањето нови површини и облагородување со цвеќиња и друг расаден материјал на што повеќе површини во градот“, информира Звонко Јованоски, в.д. директор на ЈКП „Комуналец“, рече Јовановски.
Децата и вработените од градинките „Наша иднина“ со многубројни активности исто така се вклучија во одбележување на Денот на пролетта и екологијата. Оваа година засадија дрвја и цвеќиња во дворот на градинките, а подготвија и пригодни песни и рецитали посветени на пролетта.
„Денеска во нашата установа ЈОУДГ ‘Наша иднина’ беше организирана акција за засадување цвеќиња и дрвја во кругот на градинките. Ова го правиме за да ги запознаеме децата како се садат садници, како се негуваат и како треба да се живее во здрава животна среднина“, изјави Орце Тодороски, в.д. директор на ЈОУДГ „Наша иднина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

