Регион
Вучиќ на средба со Гутереш: Србија е подготвена за соработка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во седиштето на Обединетите нации во Њујорк се состана со генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш.
Како што наведе РТС, претседателот на Србија се заложил за почитување на Резолуцијата 1244 за Косово, поголема улога на УНМИК на Косово во покраината и пронаоѓање компромисно решение за Косово.
При разговорот со Гутереш, Вучиќ истакнал дека Србија е подготвена на соработка со меѓународните организации и косовските Албанци. Тој го истакнал значењето од пронаоѓањето компромис повторувајќи го ставот дека компромисот не значи едната страна да добие, а другата да изгуби, туку двете страни да дадат нешто и да вложат.
Гутереш од своја страна го поздравил продолжувањето на дијалогот помеѓу Белград и Приштина нагласувајќи дека сите прашања треба да се решаваат на мирен начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.