Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Откако е СДСМ на власт, криминалот на функционерите на СДСМ се покрива и прикрива
Десет месеци Македонија тоне во корупција, а јавноста е сведок на селективната правда што ја спроведуваaт СДСМ и институциите под нивна контрола. Судовите, Јавното обвинителство и СЈО работат како продолжена рака на Зоран Заев. Правда, Устав и закони не постојат. Веќе никој не верува во правдата која потклекна под партиските наредби на СДСМ. Откако е СДСМ на власт, криминалот на функционерите на СДСМ се покрива и прикрива.
Јавното обвинителство молчи и не кажува до каде е постапката против двајцата функционери од владата за кои Заев рече дека има сомнеж за корупција. Постапка за набавка на 40 возила за МВР преку кумановската фирма донатор на СДСМ, нема.
Постапки против изборниот криминал и заканите врз гласачите во текот на последните локални избори, нема. Постапка против министерот за внатрешни работи за незаконско апсење пратеници без да биде симнат имунитетот, нема.
Од друга страна, луѓето кои го кренаа гласот против лудилото на СДСМ се најдоа во македонските затвори само затоа што безрезервно си ја сакаат својата држава. Патриотите кои предупредуваа какви погубни политики ќе се спроведат во Македонија се во притвор само поради тоа што се спротивставија на антидржавните политики на Заев.
СДСМ го користи притворот како казна за сите неистомисленици и политички непријатели на Заев. Правосудните органи се покажаа како продолжена рака на власта, за прогон на политички неистомисленици.
Секој ден кои овие храбри луѓе го поминуваат во притвор како политички затвореници за Македонија значи оддалечување од нашиот пат кон ЕУ и НАТO. Секој ден поминат во притвор е само одмазда со којашто Заев сака да ги замолкне јавноста и медиумите за да не прашуваат какви предлози доставил до Атина, со кого се консултирал и во чие име ги доставил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

