Македонија
Груби: Не смее да има селективна правда

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, денеска оствари средба со Давид Кулен од Европската комисија, одговорен за изготвување на извештајот за напредокот на Република Македонија.
Комисијата за европски прашња соопшти дека Груби во рамките на средбата го брифирал соговорникот за конкретните реформски активности, законот за јазиците, како и за добрососедските односи.
На состанокот Груби изразил убедување дека на средината од април нашата земја ќе добие чиста препорака за почнување преговори со ЕУ во априлскиот извештај на Европската комисија како валоризација на постигнатото, со кој ќе се нотира значителниот и видлив напредок постигнат од страна на нашата земја.
Разговарајќи за правосудните реформи, Груби се надоврзал и на одлуката во судскиот процес за случајот со Алмир нагласувајќи дека правната држава и довербата кон правосудните органи се градат врз основа на почитување на законите и доказните материјали, а во никој случај врз основа на етнички, религиозни, политички и други убедувања на вршителите на обвинителско-судските функции.
„Селективна правда не смее да има“, истакнал Груби и додал дека со донесувањето на законот за употреба на јазиците се заокружил нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор и дека сега е време да се посветиме целосно на преостанатите реформски закони, како и на решавање на спорот со нашиот јужен сосед за да ја интегрираме нашата држава целосно во НАТО и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.