Македонија
Коѕијас на средби со Димитров, Заев и Џафери
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој вчера попладне пристигна во посета на Скопје, денеска ќе има средби со државниот врв.
Согласно со агендата, Коѕијас утринава ќе има средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, по што ќе следува заедничка прес-конференција. Потоа, Коѕијас ќе има средба со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
За време на средбите се очекува да стане збор за позициите на двете земји во врска со нацрт-договорите за решавање на спорот за името. На 30 март министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција ќе се сретнат во Виена, заедно со медијаторот на ОН, Метју Нимиц.
Посетата на Коѕијас се одржува на покана на македонскиот министер за надворешни работи. Грчкиот шеф на дипломатијата пристигна во земјава со авион, што значеше дека првпат по 12 години грчки авион слета на скопскиот аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

