Македонија
Мицкоски на средба со делегација од Европската народна партија

Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со Александар Николоски, потпретседател на партијата, и Тимчо Муцунски, оствариле средба со делегацијата на групата на Европската народна партија во Европскиот парламент, составена од европратениците Андреј Ковачев, Алјоз Петерле и Туне Келам.
„На средбата со европарламентарците Мицкоски ги нагласи стратешките заложби на ВМРО-ДПМНЕ за побрза интеграција на Македонија во Европската Унија. Во тој контекст Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да дава импулс во реформските процеси насочени кон реализацијата на таа стратешка цел. Мицкоски ги информираше соговорниците за актуелната политичка состојба во Македонија, при што нагласи дека веќе подолг период се спроведува терор врз поединци поради различен политички став, но и врз целокупниот политички систем преку игнорирање уставни, законски и деловнички норми во работењето како на законодавната, така и на извршната власт“, соопшти Центарот за комуникации на партијата.
Соговорниците дискутирале и за соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија, што ја оценуваат како одлична.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.