Македонија
Мехмедовиќ: Итната помош при поликлиниката Букурешт е повторно функционална
Здравствен дом на Скопје ги известува граѓаните и пациентите дека службата на Итната медицинска помош при поликлиниката Букурешт е целосно функционална, уште од синоќа во ноќните часови, кога се случи испадот во една од трафостаниците, поради што беше доведено во прашање снабдувањето на објектите на поликлиниката со електрична енергија.
„Поради голем дефект на трафостаницата, прегорен кабел, како што сме информирани од техничките екипи коишто работат на теренот, објектот на поликлиниката Букурешт е сè уште без напојување со електрична енергија, но закажаните прегледни преку ‘Мој термин’ овозможивме да се реализираат во други поликлиники. Саботното дежурство на специјалистичките служби ќе се реализира во поликлиниката Битпазар од 8 до 16 часот. За реализацијата на прегледите, граѓаните и пациентите може да се информираат на телефонските броеви: 075 369575; 070 350758 или лично во поликлиниката Букурешт“ се наведува во соопштението на Здравствениот дом.
Директорот на Здравствен дом на Скопје порача дека ниеден пациент нема да остане без преглед.
„Сите пациенти и граѓани кои имаат закажано преглед во поликлиниката Букурешт ќе може да го реализираат прегледот кај друг специјалист во друга поликлиника, за што отворивме линии за навремено информирање и тоа ќе се спроведува така до конечното отстранување на дефектот. Службата на Итната медицинска помош работи без проблеми. На дефектот во трафостаницата се работеше во текот на целата ноќ и очекуваме негово брзо санирање, колку што го дозволуваат тоа временските услови. Во меѓувреме, синоќа и во текот на целата ноќ навреме презедовме `се што е потребно за префрлување на вакцините, на инсулините и на биохемиските реагенси на безбедни локации во другите поликлиники, со што спречивме какви било материјални штети или оштетување на здравствените препарати“, ја известува јавноста д-р Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом на Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

