Македонија
Заев се сретна со Ванхауте: Добредојдена е секоја препорака во остварување на реформите

Првиот човек на Владата, Зоран Заев, по средбата со белгискиот експерт и поранешен посредник на ЕУ, Питер Внхауте, и претставниците на ИРИ истакна дека Владата е отворена за соработка и добредојдена е секоја препорака со цел подобрување на нејзината работа во остварување на реформите.
Присутните го запознаа премиерот со практиките и препораките за управување во сферата на јавната администрација, препораки за односите на Владата и Собранието давајќи поддршка на актуелните реформите во државата, кои се со цел побрзо остварување на реформските приоритети подготвени од Европската комисија за исполнување на условите за влез во Европската Унија, како и аспирациите за членство во НАТО.
Премиерот Заев, претставувајќи го како голем пријател на Македонија, изрази задоволство од посетата на експертот Питер Ванхауте, кој како поранешен посредник на ЕУ во Договорот од Пржино беше вклучен во изработка на предлозите за медиумските реформи.
Заев и Ванхауте разменија мислења околу актуелната политичка ситуација во земјава оценувајќи ги како исклучително позитивни економските мерки што се преземаат за стабилна бизнис-клима и привлекување странски инвестиции преку воведување нови економски мерки кои се темелат на фер и транспарентна распределба, како и чекорите кои придонесуваат за јакнење на довербата меѓу Република Македонија и Република Грција.
На средбата беше констатирано дека отворањето дијалог со опозицијата во државата, актуелното решавање на отворените прашања со соседите, како и одржувањето на пријателска атмосфера сигурно ќе донесе до просперитет за граѓаните на Република Македонија и соседните држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Украл накит, часовници, компјутери, пари и други предмети во вредност од 296.000 денари од куќа во Скопје, побаран притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека извршило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 23-годишник, на 02.01.2024 година, провалил во куќа на улицата „Востаничка“ во Скопје, така што со помош на пластична маса се качил на балконот од првиот кат на куќата и насилно го отворил прозорецот. Потоа пребарувал низ собите и одзел накит, шест рачни часовници, два лаптоп компјутери, други вредни предмети и парични средства во износ од 1000 евра. Вкупната вредност на одземените предмети е проценета на 296.000 денари.
Потоа преку споредна врата ја напуштил куќата и повеќе од една година не бил достапен за полицијата. Имајќи предвид дека токму оваа околност укажува на ризикот осомничениот повторно да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, како и фактот дека против него се поднесени пријави и за други дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Македонија
Минчев потпиша меморандум во Црна Гора: Целта е да се придонесе кон поефикасни, транспарентни и граѓански ориентирани институции

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, денес во Подгорица потпиша Меморандум за соработка со неговиот црногорски колега, министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај.
Преку овој меморандум, двете земји ја формализираат меѓусебната соработка во клучни области како дигитализација на јавните услуги, управување со човечки ресурси, добро управување, транспарентност и професионализација на јавната администрација.
„Овој документ не е само формалност – тој е патоказ за заедничка иднина, за зајакнување на институционалните капацитети и за ново поглавје во билатералните односи помеѓу Република Македонија и Црна Гора“, изјави Минчев.
Меморандумот предвидува размена на искуства, експертиза и најдобри практики, како и заедничка реализација на проекти поддржани од Европската Унија и меѓународни партнери.
Целта е да се придонесе кон поефикасни, транспарентни и граѓански ориентирани институции, соопштуваат од Министерството.
„Реформата на јавната администрација не е само внатрешна обврска, туку и надворешен сигнал – дека нашите институции се подготвени за европските стандарди, за модерно управување и вистински партнерства во регионот.“ – додаде тој.
Министерот упати благодарност до црногорските домаќини за нивното партнерство и за споделената визија за модерна, резултат-ориентирана администрација која ќе биде во служба на граѓаните.
„Од Подгорица испраќаме заедничка порака: јавната администрација мора да биде двигател на интеграцијата, не нејзина пречка.
Професионализмот, транспарентноста и ефикасноста – не се луксуз, туку предуслов за стабилност, економски развој и членство во ЕУ.“
Оваа соработка претставува важен чекор кон зацврстување на регионалните врски и заедничко приближување кон европската иднина, се додава во соопштението на Министерството.
Македонија
„Натпревар во што поидиотски ставови, СДС повторно шампион“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС уште еднаш покажа дека не може да излезе од сопствениот балон. Додека Владата работи, додека се намалуваат даноци, се враќа ред во институциите и државата почна да оди напред, СДС се занимава со измислени термини и панични настапиво јавноста“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Навредите за „врховизам“, „изолација“ и „антиевропски вредности“ се обид да се покрие реалноста: нивното време помина, народот ги порази, а денес државата конечно има стабилна и одговорна власт.
Факт е дека на меѓународни конференции како CPAC се среќаваат лидери кои се избрани од својот народ и го бранат националниот интерес. Тоа СДС не го разбира, бидејќи нивниот пристап беше сервилен, поразувачки и штетен.
Македонија нема да се врати назад. Колку и да се обидуваат СДС да ја извалкаат со излитени флоскули, народот гледа разлика меѓу збор и резултат. А нивниот збор не вреди ништо“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.