Македонија
Заев ги презентира реформските процеси пред делегацијата на Европската народна партија

Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација од Европската народна партија (ЕНП/EPP), во чиј состав беа европратениците Андреј Ковачев (Бугарија) и Туне-Валдо Келам (Естонија), кој ги придружуваше амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар.
Како што информираат од владината прес-служба, европратеникот Ковачев во име на делегацијата на Европската народна партија му соопштил на Заев дека нивниот престој во земјата е во насока на подготовка на придонесот на ЕНП за извештајот на ЕУ за напредокот на Република Македонија во процесот на придружување кон Европската Унија.
Премиерот Заев ги информирал гостите за текот на разговорите за прашањето за името на нашата земја со Република Грција и истакнал дека денешната посета на министерот Коѕијас на нашата земја и неговата средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, е чекор напред во овој процес и дека на претстојната средба со медијаторот Нимиц во Виена се очекуваат нови моменти во приближувањето на разликите.
Заев на средбата нагласил дека во однос на ова прашање договорена и воспоставена е пракса на редовно информирање на македонскиот државен врв, вклучително и опозицијата, како демократска пракса за важните прашања од интерес на државата да се бара и почитува мислењето на сите засегнати страни во политичкиот спектар.
Европратениците Ковачев и Келам, како претставници на Европската народна партија, истакнале дека со внимание ги следат сите процеси во Република Македонија и дека даваат силна поддршка на реформските процеси и на решавањето на спорот со Грција бидејќи, како што нагласиле, од особена важност е колку што е можна побрза интеграција на земјата во ЕУ и НАТО заради стабилноста, безбедноста и развојот на земјата и на регионот во целина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Горан Минчев со граѓаните на Тетово: „Локалната промена почнува со Вас“

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Горан Минчев, во рамки на кампањата „Заедно повеќе знаеме“, одржа средба со граѓаните, членовите и симпатизерите во Тетово.
Минчев порача дека Тетово заслужува транспарентно и ефикасно управување, развој на инфраструктурата и враќање на довербата во локалната власт.
„Граѓаните се нашите партнери – заедно ќе изградиме програма што одговара на вистинските потреби на Тетово. Време е општините да престанат да бидат партиски плен и конечно да почнат да работат за граѓаните“, изјави Минчев.
Тој истакна дека ЗНАМ нуди луѓе со знаење и интегритет, а не политички експерименти, и најави дека дијалогот со граѓаните ќе продолжи низ цела Македонија.