Црна хроника
Мавале по гостите со столови и маси, зашто не им дозволиле да пијат кога затворил локалот
Синоќа во полициска станица било пријавено дека во угостителски објект на булеварот „Србија“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир.
„По завршување на работното време, вработениот одбил да им однесе пијалак на гостите кои седеле на една од масите. После тоа, две непознати лица започнале да го кршат инвентарот, да превртуваат маси и да фрлаат со маси и столови по останатите присутни гости во објектот, по што заминале во непознат правец“, стои во билтенот на МВР за овој случај.
На повреди се пожалиле повеќе лица, а еден од нив побарал лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. МВР презема мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удри во пешак и избега без да му помогне
Министерството за внатрешни работи информира дека е пронајдена и приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удрила пешак и избегала без да му помогне.
„На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу“ и ул. „Бојмија“ со патничко моторно возило „цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот без да укаже помош на повредениот. А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани телесни повреди“, велат од МВР.
Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
Црна хроника
Нова сообраќајна несреќа во Скопје: прегазен пешак, возачот избегал
Додека траеше протестот поради смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која беше прегазена на булевар „Партизански одреди“, во 13:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје автомобил „Ситроен“ удрил во маж и веднаш потоа избегал од местото.
„Повредениот пешак е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот“, информираат од МВР.
Црна хроника
Работник од Неготино бил удрен од вилушкар во фабрика, тешко е повреден
Во полицијата во Неготино било пријавено дека во кругот на фабрика во село Дуброво, неготинско, со вилушкар, управуван од З.Б.(51) од Неготино, бил удрен вработениот Б.И.(26).
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.
Извршен е увид.