Македонија
(Видео) Санев обвинува: Непрофесионалноста во МВР продолжува, Спасовски назначува лица без оглас
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку наредби без распишан оглас назначувал лица на работни места за кои не исполнуваат законски услови односно немаат соодветно образование, обвини Антониот Санев поранешен началник на одделението за меѓународна соработка во Секторот за Европска унија при МВР.
-Оваа ситуација кореспондира низ целото министерство, не се огласуваат работните места за слободни, лично министерот си одбира луѓе кои немаат соодветно образование. Лица со средно образование се назначуваат за началници, вели Санев.
За овој случај Санев испратил преставка до министерот Спасовски и внатрешната контрола на МВР од каде било констатирано и потврдено дека одредено лице извршува функција за која нема соодветно образование. Но, и покрај тоа, секторот за внатрешна контрола не преземала ништо образложувајќи дека немаат надлежност за постапување по одлуки на министерот.
-Доколку не се преземат мерки ќе си поднесам отказ од ова неминистерство за внатрешни работи, ова е „врв“ на се што се случува во министерството. Го повикувам јавното обвинителство да преземе мерки по овие случувања во МВР. Мора да се стави крај на сето ова, вели Санев.
Тој изнесе еден конкретен случај во врска со неговите обвиненија. Се работи за лицето Даниела Ристиќ која од функцијата самостоен аналитичар во ОКРА при Регионалниот центар за гранични работи Север преку нетранспарентна постапка била поставена за в.д. Началник на ОКРА во РЦ за ГР Север.
Несфатливо е зошто упразнетото место началник на ОКРА во РЦ за ГР Север не е огласено со што на вработените во овој оддел не им е овозможено да конкурираат во законска и транспарентна постапка за оваа позиција, вели Санев.
Тој побара увид во списите и документацијата на МВР на јасен и недвосмислен начин да се утврди какво образование поседува Даниела Ристиќ и доколку се утврдат сомненијата за непоседување соодветно образование надлежните служби да постапат согласно законските надлежности.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

