Македонија
Заев: Неделава ќе разговараме за зголемување на парламентарното мнозинство
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на Централнниот одбор на партијата потврди дека започнува разговори со други политички субјекти за зголемување на парламентарното мнозинство.
„Неделава започнувам разговори за зголемување на парламентарното мнозинство. Целта е, преку разговор со други политички субјекти да обезбедиме поширока поддршка на реформскиот процес и на реализација на Планот 3-6-9. Во оваа насока оставаме простор, преку политички дијалог и со опозицијата, клучните закони, за коишто е потребно пошироко мнозинство, да бидат донесени и со учество на опозицијата“ порача Заев.
Во своето обраќање пред членовите на Централниот одбор, Заев, акцентираше дека реформите и економските мерки на Владата даваат резултат што е потврдено преку параметрите за раст на платите и раздвижување на економијата.
„Економијата ја раздвиживме. Зголемувањето на минималната плата дава конкретни резултати, се отвори спиралата на раст и платите се зголемуваат. Со укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа на струјата, зголемените и навремени субвенции повеќе пари остануваат во семејните буџети. Меѓународниот успех што го постигнавме позитивно влијае врз имиџот на земјава а тоа се рефлектира и врз економијата. Потпишани се договори за инвестирање со 9 странски компании, а се разговара со уште други 20 странски, како и повеќе домашни компании што сакаат да инвестираат. Очекуваме ефектите да бидат уште поизразени“ рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз.
На седницата беше усвоен Годишниот финансиски извештај за работата на партијата за 2017 година и беа дефинирани следни чекори на внатрепартиско делување, а без избрани и тројца нови членови на Централниот одбор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

