Македонија
Средба Димитров – Кнајсл: Австриска поддршка за членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со сојузниот министер за Европа, интеграции и надворешни работи на Република Австрија, Карин Кнајсл која престојуваше во работна посета на земјава. Министрите Димитров и Кнајсл ја потврдија одличната билатерална соработка помеѓу двете земји, со акцент на активната поддршка на Република Австрија кон евроинтегративниот пат на Македонија и најскоро отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Воедно, беше укажано на можностите за натамошно интензивирање на соработката во повеќе области од заемен интерес.
Министерот Димитров информираше за приоритетните реформски активности на Владата, како и за преземените активности за подобрување и продлабочување на добрососедските односи во насока на затворање на отворените прашања со соседите, а во функција на реализирање на главните стратешки цели на Република Македонија.
Министерката Кнајсл ја повтори австриската поддршка за зачленувањето на земјава во Европската Унија и изрази надеж дека ќе ги отпочнеме преговорите со Унијата до јунскиот Самит оваа година. Исто така, министерката истакна дека македонската Влада презема конкретни чекори за решавање на билатералните прашања со соседите, што е високо оценето од земјите–членки на Унијата. Воедно, изрази уверување дека одличната соработка ќе продолжи со интензивна динамика во различните сфери на заемен интерес, се вели во соопштението на МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)