Македонија
ДОМ: Казандол е заедничка победа на екологистите над валканиот бизнис

ДОМ ја поздравува одлуката на Владата за одземање на концесијата за рудникот Казандол, поради неисполнување на условите од договорот. „Ова е чесен потег со кој се покажа одговорност и почитување на правото, но и на здравјето и животната средина. Се покажа дека заложбите на екологистите и нашите заложби како зелена партија има кој да ги чуе и прифати. Тврдевме дека има основа за ревизија на концесијата и тоа се потврди“, соопшти партијата.
Според нив, не беа залудни референдумите во Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија, трибините, протестите, пресовите, контролите од инспекторатот за животна средина, кампањите по социјалните медиуми, дебатите на сите медиуми, поддршката од балканските екологисти и од Европските Зелени.
„Затворањето на Казандол е заедничка победа на екологистите над валканиот бизнис! Честитки за сите борци, кои не потклекнаа пред заканите и уцените од моќниците! Ова е голема заедничка победа на сите кои веруваме дека светлиот живот во Македонија не го носи црната рударска прашина, натопена со сулфурна киселина или цијаниди, туку зелената економија! Македонија, како и целиот Балкан, има совршени услови за производство на здрава храна и обновлива енергија, рурален туризам, паметни незагадувачки технологии. Да ги искористиме предностите на македонското питомо поднебје и интелектуалниот потенцијал на нашите граѓани, за да обезбедиме здрав и безбеден живот за сите!“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:00 – 15:00 часот, корисниците од улицата 9 во населба Илинден. (Општина Илинден)
Македонија
Сончево и топло време, максималната температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Времето во наредните денови
Во среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.
Македонија
Меџити го претстави мега-спортскиот проект во Чаир

Првиот Заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, воедно и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денес го претстави најголемиот спортски проект во историјата на Чаир, трансформација на напуштениот базен во нов, модерен спортски и рекреативен центар.
Овој амбициозен проект, конципиран по примерот на познатите спортски центри „Јане Сандански“ во Аеродром и „Борис Трајковски“ во Карпош, има за цел да донесе мултифункционален центар според европски стандарди, во срцето на Чаир.
„Комплексот ќе содржи: голема спортска сала за ракомет, одбојка и кошарка со капацитет од над 3.000 гледачи, затворен фитнес центар, сали за пинг-понг и боречки спортови како карате и бокс; како и надворешни игралишта за мал фудбал и две кошаркарски игралишта – отворени и достапни за сите граѓани”, информираше Меџити.
Според него, проектот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство, при што Општина Чаир ќе ги обезбеди сите правни и институционални предуслови во целосна соработка со централната власт.
„Инвеститорот што ќе биде избран, ќе има обврска да изгради центар што ги исполнува современите стандарди и да понуди одржлив модел на функционирање. За возврат, ќе има право да го користи комплексот во рок од 20 до 30 години“, изјави Меџити.
Тој додаде дека по истекот на тој период, овој модерен спортски и рекреативен центар ќе стане целосна сопственост на Општина Чаир и на сите наши граѓани. Со одлука на Влада на РСМ е дадено на трајно користење на Општина Чаир и Општината може да управува односно да ги спроведе сите процедури кои се потребни за реализација на овој проект.
Време е и Чаир да добие спортски центар од европски ранг, порача Меџити за време на презентацијата.