Македонија
ГДУ: Потребна е целосна ревизија на работењето на извршителите и нотарите

Законот за присилно извршување од 2005 година, кој беше добро осмислен и донесен во најголем дел во интерес на банките и крупниот капитал, им овозможи на банките да направат тотален пустош врз имотите, за огромен број на незаконски побарувања и криминални хипотеки кои датираат уште од далечната 1993 година. Во 2016 година беше донесен нов Закон за извршување, кој, според нивните искази не им одговарал на банките, со овој закон имале проблеми. Но, знаеме ли зошто? Затоа што не успеале до крај да ги реализираат незаконитостите, па и она малку што остана од имотите кои не успеале да ги приграбат со помош законот од 2005-2006 година, бараат начин како да го дореализираат, се вели во соопштението на Граѓанско демократската унија.
Според ГДУ, со Законот за катастар се овозможува на заинтересираните, меѓу кои и банкие, да ги запишат хипотеките за претходни кредити, како и да се изложат имотите, да се запишат во рок од пет години. „И со овој закон повторно не успеале до крај да ги реализираат незаконитостите и да ги докрајчат имотите, па во меѓувреме го припремиле, како што изјави во ТВ дебатата од пред некој ден – заменикот министер за правда, таканареченото старо законско решение за запишување во јавна книга кои изостанале во законот од 2016 година, кои се покажале како потребни во пракса, па истите ќе влезат како законско решение во овој нов закон, а сето тоа по укажување на Здружението на банкарство!? Значи, детектирани биле проблемите што се однесуваат на банките околу имотите, хипотеките, доградбите, но дали ќе се најде институција во државава која ќе детектира за што во суштина станува збор околу ваквите побарувања на банките? Дали некој ќе детектира зошто банките цели 20 години не ги запишале хипотеките за некакви претходни кредити?“, прашуваат од ГДУ.
Според нив, за период од 20 години е настапена апсолутна застареност за покренување на некаква постапка, не па за запишување на такви права, уште повеќе што хипотеките сè уште не се запишани, а банките преку нотарите и извршителите веќе ги реализираат овие спорни хипотеки.
„Кој им го дозволува и овозможува сето тоа? Дали некој ќе ги детектира незаконитостите на банките, нотарите, извршителите…? Дали некој ќе ги заштити граѓаните? Конечно, дали ќе се најде некој што ќе ја заштити Македонија од ова разнебитување? Наместо да отвори истрага, државата по којзнае кој пат, по укажување на самите банки, ќе ги прилагодува законските одредби во Законот за извршување во корист на банките, а со тоа во корист на незаконитоста, како што тргнале, да можат да ги докрајчат имотите и граѓаните“, прашува ГДУ.
„Не смееме уште еднаш да им дозволиме на банките, во спрега со министерствата, извршителите, нотарите, правниците… да ги вметнат своите алчни и штетни барања во Законот за извршување, ако сакаме да си ја спасиме државата и да го заштитиме имотот на граѓаните односно сопственичките права. Поради тие причини, пред да се донесе новиот Закон за извршување, за објективно да се утврдат сите незаконитости, граѓаните бараат целосна ревизија на работењето на извршителите, нотарите, нивните комори, катастарот, банките, надлежните министерства и останатите надлежни институции, сè со цел еднаш засекогаш да се стави крај на разнебитувањето на нашата држава“, велат од ГДУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Полицијата на Тошковски повторно во служба на сеење страв – се легитимираат новинари!

„СДСМ ги осудува постапките на полицијата на Тошковски во Демир Хисар, каде полициски службеници легитимираа новинари на јавен простор, со видливо истакнати новинарски легитимации. Недозволиво е полицајци на јавен простор да ги третираат новинарите како „непознати лица“ кога на себе имаат легитимации“, велат од СДСМ.
„Знаеме дека Тошковски е уплашен од вистината, од силните реакции на јавноста за сите скандали што ги прави, но не може да ја претвори полицијата во инструмент за сеење страв и замолчување.
Нека ги остави Тошковски новинарите да работат и да известуваат за прашања од јавен интерес. Наместо да ги попречува, полицијата е должна да ги штити нив и новото право за работа без било каков притисок.
Секое друго однесување е директен удар врз слободата на медиумите“, соопшти СДСМ.
Македонија
Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухиу Алиу

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари конструктивна средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухиу Алиу. На средбата се разговараше за можностите за унапредување на бизнис-климата и создавање услови за нови инвестиции.
Двајцата соговорници ја потенцираа важноста на институционалната поддршка за стопанството, како и заедничките заложби за создавање поволна средина за развој на претпријатијата. Беше истакнато дека добрата соработка помеѓу општината и бизнис-заедницата е клучен предуслов за економски раст, отворање нови работни места и задржување на младите во земјата.
„Како локална самоуправа, имаме јасна цел – да обезбедиме стабилна институционална поддршка за стопанството. Соработката со Стопанската комора на Северозападна Македонија може да овозможи побргу да ги препознаеме потребите на бизнисите, да ја намалиме административната бариера и да креираме политики што ќе резултираат со нови инвестиции и економски развој. Верувам дека заедно можеме да направиме значителен исчекор во создавање современа и конкурентна деловна средина“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски по средбата.
Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухиу Алиу, упати честитки до градоначалникот за досегашната успешна работа и му посака успех во неговите понатамошни кариерни чекори.
Македонија
„Влен“: Бујар Османи претставува симбол на дваесетгодишната корупција

„Граѓаните на Чаир добро знаат кој е Бујар Османи. Знаат дека за дваесет години политика никогаш не направил ништо за Чаир, ниту помогнал на некого од Чаир. Се враќа тука само кога му требаат гласови за да ја продолжи својата лична политичка кариера“, велат од „Влен“.
„Бујар Османи е симбол на кариеризмот – човек кој ја користеше секоја функција за сопствен напредок, а не за доброто на граѓаните.
Како министер за здравство доби амнестија во предмет на СЈО за незаконски набавки, а извештаите на Државниот завод за ревизија документираат милионски незаконски трошоци: милиони денари за деривати без покритие, сервисирање возила без докази, незаконски вработувања преку агенции.
Како министер за надворешни работи потроши над 120 милиони денари за Самитот на ОБСЕ, без документи, без фактури, без извештаи. Единствената „победа“ што ја запомнивме е тоа што го пречека рускиот министер Лавров, потег што и нанесе штета на меѓународната репутација на државата.
Како претседавач на ОБСЕ стана познат по тоа што застана на српска страна во спорот со Косово, и наместо да гради стратешко партнерство со Косово, организираше десетици средби и ручеци со српскиот државен врв, отворајќи го пазарот за српски капитал и сомнителни бизниси.
Како дел од Владата на ДУИ беше соучесник во дозволата за влез на МТЕЛ и српските казина во Македонија, од кои две лиценци завршија во рацете на компании со контроверзно српско и црногорско потекло.
Чаир не заслужува човек кој цела кариера ја помина далеку од проблемите на својата општина, кој се појавува само кога му треба поддршка, и кој зад себе остава само долгови, сомнежи и скандали.
Чаир ќе избере човек кој 20 години дише и живее со проблемите на оваа општина, кој ги решава проблемите на граѓаните, а не ги користи за лични договори и лични кариерни причини.
На 19 октомври, граѓаните на Чаир ќе му кажат јасно и гласно: Доста беше, Бујар! Доста абеше од твојот кариеризам!“, се наведува во соопштението на „Влен“.