Македонија
Владата ќе ги подобрува условите на лицата со инвалидност и попреченост
Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска се сретнаа со претставници на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија. На средбата се разговараше за најновата одлука на Владата за распоредување на приходите од игри на среќа и од забавните игри во 2018 година за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација на здруженија за борба против семејното насилство, како и Црвениот крст на РМ. Се разменија мислења за изнаоѓање начини за подобрување на програмските активности на инвалидските организации со цел да се направи најсоодветна социјална инклузија на оваа категорија граѓани.
„Целта на Владата е да продолжи да донесува наменски законски решенија за да се подобруваат условите за лицата со инвалидност. Постојано сме насочени кон подобрување на квалитетот на животот на овие наши граѓани“, рече премиерот Заев. Тој додаде дека Владата е сервис на сите граѓани подеднакво и ги повика претставниците на лицата со инвалидитет и попреченост да ги изложат своите проблеми и да учествуваат во процесите за наоѓање најсоодветни решенија.
„Со денешните претставници се среќавам често и се обидуваме на различни начини да помогнеме да се обезбедат и искористат средствата за финансирање на нивните програмски активности на законски начин, транспарентно и отчетно“, рече министерката Царовска. Истовремено, на претставниците на националните инвалидски организации, здруженија и асоцијации, Царовска им понуди помош за почитување на законитоста при поднесувањето на соодветните проекти и програми, а за кои се наменети средства од Владата.
Претставниците на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, како асоцијација на седум национални инвалидски организации, изложија дел од актуелните проблеми, кои се однесуваат пред сè на потребата од пренамена на финансиски средства, како и недостиг на соодветни помагала за одредена категорија инвалидизирани лица, со кои се соочуваат, а за кои добија ветувања дека ќе се усогласат и ќе се најде соодветно решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпорен ѕид се урна во Штип и оштети автомобили кај болницата
Потпорен ѕид на улицата Љубен Иванов во Штип, во близина на клиничката болница, утрово околу 9 часот се сруши и падна врз две паркирани возила, јавуваат локалните медиуми.
Во инцидентот нема повредени лица, а на местото на настанот веднаш излегле надлежните служби.
Според првичните информации, причина за уривањето на ѕидот се неповолните временски услови.
Македонија
Јаневска: Почнуваме нов циклус вложувања во 160 образовни инфраструктурни објекти
Почнуваме нов циклус на вложување во образовни инфраструктурни објекти, кои се еден од основните елементи за подигнување на квалитетот на образованието и за развој на психичкото и физичкото здравје на учениците. Лани вложивме 67 милиони за инфраструктурата. Годинава почнуваме нови 160 инвестиции, од кои 60 се спортски сали.
Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по поставувањето на камен-темелникот на новата спортска сала во ОУ „Григор Прличев“ во скопска Железара, каде присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Она што Владата, Министерството и општините го ветуваат, заеднички работејќи го исполнуваат. Почнуваме со изградба на нови 30 спортски сали и уште 30 се во процес на реновирање“, рече министерката Јаневска.
Вкупната инвестиција во спортската сала во ОУ „Григор Прличев“ изнесува 39 милиони денари, а денес почнува со реализација првата фаза во вкупен износ од 20 милиони денари. Салата ќе ги има сите пропратни содржини со што учениците и младите ќе добијат современи услови за спорт и рекреација.
Македонија
Нелоски: Фирмата на татко ми што ја спомнува СДСМ не учествува на тендери
Шефот на кабинетот на премиерот, Владимир Нелоски, ги отфрла тврдењата на СДСМ дека фирмата на неговиот татко учествува во државни тендери. Тој најави тужба против партијата.
„Ја гледам онаа тирада на нечесни и валкани прес конференции на СДС партијата која е петта во градот Скопје и трета во државата. Тие изобилуваат со невистини, креирани информации и полу информации. Тие треба да го свртат вниманието од комплетното растројство и дезорентираност во просторот на раководството на СДС и Венко Филипче и тој пусти страв од одговорност која знаат дека ја имаат. Мојот татко е дел од спомената приватна фирма, која не учествува на државни тендери, ниту има добиено тендери. И на никаков начин не може да носи одлуки за државните пари. Како и секој човек, па и мојот татко кој цел живот работи чесно во приватниот сектор има право да работи, а впрочем истиот со трговија започнал да се занимава уште пред осамостојувањето на Македонија“, напиша Нелоски.
Тој вели дека колегите од СДС треба да знаат дека со невистини, лаги и манипулации не се добива довербата така се губи и целосно паѓа сликата за партијата која денес е потопена со криминал и корупција, со лични интереси и фракции
„И бидејќи сум чесен и искрен, а сметам дека тоа треба да е клучен принцип во политиката нека не поставуваат прашања од СДС туку нека ги изнесат информациите во потврдна форма за да поднесам соодветна тужбена постапка за клевета пред надлежните органи“, вели Нелоски.

