Македонија
Ахмети: Законот за јазиците е во корист на државата
Законот за јазиците е во корист на земјата и во никој случај не влијае врз македонскиот јазик, рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со германскиот амбасадор, Томас Герберих. Затоа, додал Ахмети, Иванов и опозицијата треба да запрат со пропагандата за дневно-политички цели и да го дадат својот придонес во заокружувањето на нормативниот дел на Охридскиот договор.
Како што соопштија од партијата, Ахмети и Герберих разговарале за политичката ситуација во земјата, законот за јазиците, активностите во Собранието, спорот со името како и интеграцијата во НАТО и ЕУ.
„Во врска со проширувањето на парламентарното мнозинство, Ахмети рече дека сè уште нема почнато разговори со премиерот со кого треба да се сретне денес, но дека првично ќе бидат разгледани политичките и идеолошките определби на аспирантите да се приклучат на парламентарното мнозинство“, соопшти ДУИ.
Ахмети на средбата ги повторил очекувањата за добивање на целосна препорака за почеток на преговорите со Европската Унија на 17 април, заблагодарувајќи се на канцеларката Ангела Меркел за поддршката за надминување на проблемот со името со Грција како најголема пречка на патот кон НАТО и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

