Македонија
Мицкоски: Владата не исполни ниту едно ветување, гледаме само лаги и гол популизам
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со граѓаните и членовите на Месниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Стајковци. Тој пред присутните потенцираше дека нема барем едно ветување кое СДСМ го ветуваа во предизборието, а да биде реализирано, односно, рече тој, имаме само лаги и гол популизам од страна на власта.
Мицкоски истакна дека нема друг пример каде премиерот е фатен како бара мито.
„Зоран Заев како градоначалник на Струмица бара поткуп од едно друго лице каде што јасно и гласно пред целата македонска јавност признава дека зема поткуп, ама сега вика дека тоа го зема зошто е наведен тоа да го направи. Едно евро за партијата, едно за него и едно за црквата. Тоа е формулата на Заев, нема друг таков пример“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека затоа што од владата не можеле да го наполнат буџетот прво се решиле да ги зголемат акцизите и бидејќи тоа не им помогнало се решиле да го зголемат персоналниот данок од 10% на 18%. „И токму затоа на Македонија ѝ се случува цунами во економијата Заев, Тевдовски, Анѓушев, а од вчера им се приклучи и Сугаревски кој се пофали со патиштата кои ги работеше владата на ВМРО-ДПМНЕ, што покажува дека 10 месеци ништо не работеле“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

