Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со прогресивниот данок СДСМ удри по џебот на граѓаните
Дополнително осиромашување ќе предизвика најновата погубна политика на власта, односно воведувањето прогресивен данок со покачување на данокот на доход од 10% на 18%, рагираат денеска преку соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Покачувањето на даночната стапка најмногу ќе ги погоди младите професионалци од секторите како ИТ- технологиите, здравствената заштита и слично, кои ќе добијат мотив плус за да ја напуштат Република Македонија и да ја преместат својата дејност во држави со поповолна даночна политика. Невработеноста дополнително ќе се зголеми, но ќе се зголеми и даночната евазија каде голем број субјекти наместо пријавување на своите приходи ќе се префрлат на полето на сивата економија“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека сè поголем е бројот на разочарани граѓани кои не гледаат никаков просперитет.
„Економското цунами ‘Заев-Тевдовски-Анѓушев’ го задолжи секое семејство во Република Македонија со нови 1.200 евра, а граѓаните не видоа никакво фајде од милионите кои си ги подигна СДСМ на грбот на државата. Тоа е резултат на фактот дека Македонија е единствена земја во Европа што ја води премиер обвинет за корупција за кого јавно во суд се даваат искази како барал мито од едно евро за него, евро за партијата и евро за црквата од метар квадратен“, велат од партијата.
Според нив, ваквата катастрофа власта ја покрива со нарачан политички прогон врз секој што мисли поинаку.
„Затоа патриоти и докажани професионалци од МВР беа вратени во притвор за 24 часа откако беа ослободени. Срамот на Заев и СДСМ го покриваат политичкото обвинителство и судот. Нечовечки е и без никаква основа професионалците и патриотите да бидат фрлени во притвор само за да се задоволат нечии желби. Срамно е нивните семејства да се трауматизираат само за да се задоволи нечија желба за одмазда. Недолично е да се игнорира одлуката на Врховниот суд и следниот ден да се постапи спротивно на неа. Судот мора да се ослободи од притисокот и да ги уважи жалбите на притворените“, стои во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

