Црна хроника
Тетовската полиција поднесе кривични пријави против разбојници кои обивале семејни куќи
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од селото Озормиште поради сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“, како и против 20-годишен и 18-годишен жител на Ново Село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
Против О.Б.(23), А.Б.(37) и И.С.(26), пак, се поднесени кривични пријави за „прикривање“.
Како што информираат од МВР, во периодот од 05 јануари до 18 февруари годинва, 17-годишниот малолетник со помош на двајцата жители на Ново Село со употреба на физичка сила и погоден предмет насилно ги отварал влезните врати од куќите на шест лица од каде одземале телевизори, лап топ компјутер, бормашини и хилти, додека останатите пријавени ги прикриле одземените предмети иако знаеле дека потекнуваат од извршени кривични дела, стекнувајќи се на тој начин со противправна имотна корист од околу 84.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница
Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Од полицијата велат дека се работи за физичка пресметка меѓу две групи на затвореници, а едно лице е тешко повредено.
„Осуденикот Х.Ф.(29) од Студеничани, Скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’ во Скопје“, велат од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Насилство во затворот имаше и пред два дена, кога осуденикот Ѓ.М.(43) од Скопје бил физички нападнат од осуденикот К.Ф.(40) од Гостивар.
Црна хроника
Син го нападнал својот татко во Карпош
Педесет и петгодишен маж бил нападнат од својот син во домот на подрачјето на Карпош.
Случајот бил пријавен во МВР во текот на вчерашниот ден.
Се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Maж најден починат во напуштен објект во центарот на Скопје
Во напуштен објект на подрачјето на Центар во Скопје било пронајдено починато машко лице, објави МВР.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт и извршен е увид.
Засега нема информации за идентитетот на мажот, ниту дали смртта е насилна. Телото на починатиот е дадено на обдукција.