Црна хроника
Кривична пријава за лицата кои кршеа машини со копач и тесла во казина во Струмица
Полицијата поднесе кривична пријава против лицата А.В (49) и Д.Г (34), двајцата од с.Василево, струмичко, како и против В.Ѓ( 25) од с.Баница, струмичко, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „оштетување на туѓи предмети“. Истовремено првопријавениот А.В. се сомничи и за сторено кривично дело „поттикнување“. Тројцата овој месец во казина во Струмица со тесла, копач и камења искршија слот и рулет машини вредни повеќе од 3 милиони денари.
Пријавениот А.В. во казиното „Сенатор“ на 21 овој месец со копач оштетил вкупно 44 апарати слот машини и два рулети, по што избегал. Со тоа направил штета од 2.590.368 денари. Набргу тој бил приведен.
Покрај ова, на 27 овој месец А.В. околу 07 часот, во казино во Струмица, се сретнал со Д.Г. и В.Ѓ притоа поттикнувајќи ги да извршат кривично дело „оштетување на туѓу предмети“. Имено, второпријавениот Д.Г. поттикнат од А.В. заминал во станот во кој живеел и зел метална тесла со дрвена рачка и заедно со третопријавениот В.Ѓ. околу 09.35 часот, влегле во казино „Слот“ во Струмица и извршиле оштетување на вкупно 20 апарати со што направиле вкупна материјална штета од 1.268.185 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
Вчера во 18.45 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(35) од с.Мала Речица, тетовско.
При претрес во домот кој го користи под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени саксии со насади од растението канабис, шишиња со течност и други предмети поврзани со делото.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.