Забава
„Тесла“: Возилото што се удри во Калифорнија, било вклучено на автопилотско возење
Производителот на електрични автомобили „Тесла“ соопшти дека возилото кое доживеа фаталната несреќа во Калифорнија, било вклучено на автоматски режим, што пак од друга страна, подигна дополнителни прашања за безбедноста на технологијата на авто-возењето, објави Би-Би-Си.
Еден од моделите X на компанијата, минатата недела се удри во бетонска бариера на патот и се запали. Од „Тесла“, велат дека 38-годишниот возач, кој починал кратко по ударот, брзо пред несреќата, го активирал автопилотот. Но не објаснија дали системот ја детектирал конкретната бариера.
“Возачот добил неколку визуелни и едно звучно предупредување претходно во возењето. Рацете на возачот не биле на воланот шест секунди пред ударот. Возачот имал околу пет секунди и 150 метри непречен поглед на конкретниот бетон.. но записите на возилото покажуваат дека не е преземено никакво дејство” се вели во соопштението на веб-страницата на компанијата.
Автоматскиот системот на „Тесла“ може да сопира, забрзува и управува самостојно под одредени услови, но е класифициран како систем за помош на возачот, не е наменет да работи самостојно, поради што, возачот треба да има постојано раце на воланот.
Во 2016 година, возач на возило на „Тесла“ загина на Флорида, кога неговиот автомобил не успеа да забележи камион кој го преминал патот.
Тоа ја навело компанијата да воведе нови безбедносни мерки, како што е исклучувањето на автопилотот и доведување на автомобилот до прекин, доколку возачот долго време не ги ставил рацете на воланот.
Несреќата во Калифорнија се случува во многу тешки моменти за автопилотската технологија. Претходно овој месец, на „Убер“ му беше забрането да ги продолжи тестирањата за автопилотско возење во сојузната американска држава Аризона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

