Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ 10 месеци е на власт, а се однесува како да е опозиција.
СДСМ својата неспособност да ги решава проблемите на граѓаните и да создаде економски раст веќе 10 месеци се обидува да ја прикрие со обвинувања против ВМРО-ДПМНЕ, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Манипулациите и обвинувањата кон ВМРО-ДПМНЕ не можат да го прикријат фактот дека владата на СДСМ ја закотви македонската економија убедливо на европското дно со 0% економски раст. СДСМ не може да избега ниту од фактот дека има реализирано само 4% од планираните капитални инвестиции, ниту од тоа што само во 2018 година секое македонско семејство го задолжи за 1.200 евра.
СДСМ дупката која ја создава во буџетот на државата се реши да ја пополни со дополнителни давачки на граѓаните. Воведувањето на прогресивен данок со покачување на данокот на доход од 10% на 18% е на штета на граѓаните и на државата. СДСМ со својата погубна политика директно удира по џебот на младите и им дава мотив да размислуваат да ја напуштат државата. Наместо да ги стимулира младите да останат во државата СДСМ ги стимулира да ја напуштат.
СДСМ со оваа мерка само ќе ја зголеми невработеноста, ќе ја зголеми даночната евазија и дозволува многу субјекти немајќи излез да се префрлат на полето на сивата економија. Граѓаните не заслужуваат ваква влада која не е способна да креира услови за раст и развој. Граѓаните заслужуваат подобро и затоа колку побрзо си замине оваа власт толку побрзо ќе се врати економскиот напредок на државата, велат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ ги повикува институциите да постапат по обвинувањата за тендери во општини под контрола на ВМРО
Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска пирамида“, во кој јавните средства завршуваат кај фирми блиски до владејачката партија.
„51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма“, се наведува во соопштението, со оценка дека додека нема средства за зголемување на платите и пензиите, пари има за тендери.
Од СДСМ јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата не преземаат ништо, и бараат одговорност за наводните злоупотреби.
Партијата најавува дека ќе продолжи да објавува докази за, како што наведува, мрежа на сомнителни тендери и дека, според нив, „работата не е завршена“.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево
Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година
Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.
Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.
Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

