Свет
САД и Јужна Кореја ги почнаа заедничките воени вежби
Заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја почнаа денеска на Корејскиот полуостров, соопштија владини претставници. Во вежбите, според соопштението, учествуваат повеќе од 300.000 јужнокорејски војници и 11.500 американски војници, вклучително и 4.000 војници стационирани надвор од Јужна Кореја, јави јужнокорејската агенција „Јонхап“.
Вежбите, кои вообичанео се одржуваат кон крајот на февруари и почетокот на март, се поместени за подоцна, поради одржувањето на зимските Олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјонгчанг.
Траењето на вежбите е скратени од два на еден ден и не се очекува да се појави американскиот носач на авиони и нуклеарната подморница. Некои набљудувачи, велат дека Вашингтон и Сеул играат “спуштен гард“, поради попуштањето на тензиите со Северна Кореја.
Се очекува во текот на април и мај, севернокорејскиот лидер Ким Џон Ун да се сретне со јужнокорејскиот и американскиот претседател, Мун Џае Ин и Доналд Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

