Македонија
ЦУК: Нормализирана состојбата во Охридско-струшкиот регион
По невремето кое што го зафати Охридско-Струшкиот регин, во овој момент состојбата е нормализирана, велат од ЦУК.
„Надлежните субјекти целосно ја следат состојбата, согласно насоките кои претходно беа договорени, и по престанување на невремето, пристапено е кон санирање на последиците и причинетата штета. Најпогодена беше крајбежната линија на потегот од населба Канео до централното градско подрачје во Охрид , а во Струга, во делот од машка и женска плажа“ сооптши ЦУК.
Од таму велат дека испуштањето на водите од Охридско езеро преку реката Црн Дрим е со постојана координација со ЕЛЕМ и покрај прелевањето на акумулацијата Глобочица по течението на Црн Дрим, нема опасности за причинување на штета на патот Струга-Дебар. Според информациите, нивото на реките на Сатеска и Коселска е со благ пораст во однос на претходните денови, но нема опасност од преливање.
До овој момент на 195 нема пријави за причинета штета ( поплави , пад на дрвја и сл.) соопшти ЦУК. Во однос на функционирање на останатата инфраструктура ( колектор, водоснабдување, електроснабдување), не се забележани прекини“ се вели во соопштението на ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

