Македонија
(Видео) УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Награда за Заев што го исполни ветувањето и не го донесе законот за двојазичност

Денеска сме тука на овој ден да му доделиме неколку награди на нашиот премиер и господин Зоран Заев. Тој е навистина човек од збор и ги заслужи сите овие награди. Буквално влезе како ураган заедно со неговиот тим во сите области и ја сотре конкуренцијата, со што покажа дека е еден и единствен кој ги заслужува овие награди и дека никогаш никој нема да го достигне истото, порачаа од Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
„На господинот Заев му доделуваме диплома што го исполни ветувањето и не го донесе законот за двојазичност како што ветуваше. Голем успех е што се избори да не влезе неуставното решение за двојазични униформи како што се бараше во платформата потпишана во Тирана.
На господинот Заев му доделуваме диплома што ги врати сите 600 000 отселени млади, како и што го изгради студентскиот град. На честитките со свое писмо се приклучуваат и сестра и на Радмила и син му на Кочо Анѓушев кои велат: Драга Радмила, честитам за постигнатиот успех, супер сте што го донесовте животот, јас ќе се вратам за 4-5 години да дозавршам некои работи тука. Додека пак синот на Анѓушев вели: Тато, ти ветив дека ќе се вратам ако ја оправите државата. Еве барам карта за назад за 2026 година. Поздрав.
На господинот Заев му доделуваме диплома за шампиони во економскиот раст и просечна плата над 500 евра. Раст на БДП над 10% и изградени 300 километри автопат. Платата на докторите сега е 150.000 денари. На честитките ни се придружи и Вице Заев, кој благодарение на политиките на владата, семејното богатство на Заеви е зголемено најмалку 5 пати и изнесува 50 милиони евра за само една година.
Му доделуваме на господинот Заев диплома за шампион на Македонија во борба против корупцијата. Сега сме искачени 30 места и дојдовме рамо до рамо со финска, шведска и норвешка. На честитките се приклучуваат и функционерите на владата против кои се водеше истрага за корупција, кои велат: Драг Зоки, кој не работел со тебе, не знае колку е тешко. Ние те поддржуваме и разбираме во твојата борба. Само човек што не работел со тебе не знае како е кога тебе те молат да земеш мито, а ти не сакаш. Се надеваме дека ќе има можност и целата јавност да го види тоа како изгледа на телевизија. Поздрав другарче.
Кога човек е вреден, успехот и наградите сами си доаѓаат. Но сепак животот мораше да го донесе некој како Заев.
Ова доделување на наградите е мал симбол за вреднување на жртвата на Зоки за државата. Се гледаме и наредна година, каде што очекуваме дека Зоки ќе собере уште повеќе награди“ рекоа од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Нека се препелкаат во национализмот, во лажниот патриотизам и во својата неспособност, вели Филипче за ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од вечерашнава граѓанска трибина во Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за загари и орли додека младите се селат. Филипче испрати порака дека жално е што зад црната кампања не се крие само неспособна власт, туку власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тој исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквото владеење е непријател на државата.
„Тоа е власт која се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија која ја контролира со корупција и од хаос во кој се создава апатија. Ова е целта. Но јас во нивната кал нема да влегувам, туку ќе продолжам да ги разобличувам. Нека се препелкаат во национализмот, во лажниот патриотизам и во својата неспособност самите тие. Ги слушам, едните биле загари и орли, другите за врапчиња и што уште не. Театар за деца“, рече Филипче.
Филипче на трибината исто така рече дека подмолните обиди на ВМРО-ДПМНЕ за поделба на граѓаните, секојдневните етикетирања на опозицијата како „предавници“, режимските практики се доблестите кои и оваа влада ги носи се едни од најлошите времиња на груевизмот.
„Не е времето кратко да се види дека имаме власт отуѓена од народот, власт која партизира, узурпира и одбива да го слушне крикот на граѓаните за подобар живот и за напредок. Сведоци сме на одвратна лажна и црна кампања против СДСМ која ја водат од првиот ден власт. Оваа мизерна и ниска кампања на ВМРО-ДПМНЕ е одраз на нивната немоќ и неспобност. Но суштина е уште поболна, а тоа е дека зад кампања се кријат нивните лоши намери за иднината на оваа земја“, рече Филипче.