Економија
(Видео) Заев: Со планирањето на буџетот ќе се обезбедуваат услови за раздвижување на економијата
„Кога ја формиравме актуелната Влада на Република Македонија се заложивме својата работа да ја темелиме на отворени, транспарентни, сигурни и ефикасни владини институции, кои комуницираат и соработуваат со граѓаните. Низа истражувања спроведени од страна на домашни и меѓународни граѓански организации, како и меѓу владини организации, нотираа дека во последните десет години концептот на отворена влада во Република Македонија беше целосно занемарен, а транспарентноста на институциите значително запоставена. Затоа, во рамки на својата програма за работа и во склоп на највисокиот реформски документ планот 3-6-9, актуелната Влада реализираше пакет активности кои недвосмислено се насочени кон транспарентност, отчетност и одговорност. Тие активности и мерки ја одразуваат заложбата за целосно спроведување на концептот отворена влада, истакна премиерот Зоран Заев на Првата годишна конференција на Министерството за финансии, по повод прогласувањето на 2 април за Ден на буџетот.
Според него, транспарентноста на буџетот е фундаментална кога станува збор за одговорност на владата пред граѓаните. „Прашањата на граѓаните се легитимни и треба да очекуваме да ни бидат поставени: Колку пари чини Владата? Дали финансирањето на државата со парите на граѓаните е поставено на предвидливи и одржливи основи? Дали државните службеници ефикасно, мудро и добро ги користат јавните пари? Кога станува збор за транспарентноста на буџетот и одговорно буџетско работење, ветивме дека буџетите ќе бидат подготвувани и донесени со процес на широка јавна дебата. И тоа пред да се влезе во владина постапка. Дадовме збор и го исполнивме: За првпат објавивме ‘Граѓански буџет’ врз основа на податоци за предлог-буџетот за 2018 година. Исто така изработени се и ‘Граѓански буџети’ од страна на сите министерства за нивните поединечни буџети. ‘Граѓански буџет’ беше објавен и за ребалансот на буџетот за 2017 година. Го подобривме полугодишниот извештај за извршување на буџетот и тој за првпат содржи детални податоци за сите буџетски корисници“, рече Заев.
Според него, највисоките носители на јавни функции ги објавија своите лични службени трошоци, заедно со извештај за сработеното, а граѓаните наскоро ќе можат да гледаат како се троши секој денар од буџетот, од пред своите компјутери. Оваа влада, според Заев, ќе остане на определбата парите на граѓаните повторно да се враќаат кон нив и кон стопанството, откако претходно ќе бидат вбризгани во проекти за унапредување на македонската економија, и за подобар живот и за здравјето на граѓаните.„Како и за буџетот за 2018 година, и понатаму ќе се стремиме планирањето на буџетот да обезбедува услови за реално раздвижување на економијата преку повисоки капитални инвестиции и сериозна државна поддршка за нови инвестиции, зголемување на конкурентноста и раст на извозот. Секогаш ќе целиме кон што поголема реализација на капиталните инвестиции како важен сегмент за планираниот раст на економијата и за финансиска стабилност на нашата Македонија. Така планираниот и димензиониран буџет, истовремено ќе ги обезбедува и основните функции на државата – непречена и навремена исплата на плати, пензии, социјални трансфери и други трансфери кон граѓаните, буџетските корисници и другите економски субјекти“, рече премиерот.

Тој годинава очекува понатамошно интензивирање на економскиот раст. Од политичката стабилност и од политиките за враќањето на довербата кај инвеститорите се очекува раст на приватните инвестиции. Растот на платите и вработеноста во приватниот сектор, поддржан од владините мерки, придружени со очекувањата за ниска и стабилна инфлација во земјата, ќе придонесат кон зголемување на приватната потрошувачка.
„Понатаму, континуираниот солиден извоз од новите производствени капацитети, како и закрепнувањето на традиционалните извозни сектори како резултат на зајакнатата економска активност на земјите трговски партнери ќе придонесат за зголемување на извозот на Македонија и поголемо искористување на индустриските капацитети. Согласно со ваквите очекувања за движењето на домашната побарувачка наредната година, како и предвидувањата за меѓународното економско окружување, очекуваме дека проекцијата за реалниот раст на БДП во 2018 година ќе достигне 3,2%, што е во согласност со повеќето проекции на релевантните меѓународни и домашни институции“, порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

