Контакт

Македонија

Шилегов да не глуми градинар, туку да сработи нешто, велат од опозицијата

Објавено пред

Место Петре Шилегов да глуми градинар, да прави спектакли од поместување автобуски постојки и да глуми диџеј, време е да сработи нешто. Чистиот воздух и здравата животна средина за која зборува СДСМ останаа само на хартија. Најуспешниот градоначалник што го имаше Скопје, Коце Трајановски, само во неговиот мандат засади илјадници дрва и посади илјадници метри квадратни трева, нешто што Петре Шилегов може само да го замисли, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт не само во Скопје туку и низ цела Македонија со низа проекти докажа и покажа дека приоритет е здравата животна средина. „Резултатот од четиримесечното неработење на Шилегов се десетиците негови луксузирања во странство и качувањето на Скопје на ранг-листите на најзагадени градови. Очигледно воздухот што го ветуваше Шилегов никако да стигне до граѓаните“, велат од опозициската партија.

Тие апелираат до градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, наместо да се занимава со популизам и празни ветувања, конечно да се зафати со работа и да почне да ги исполнува ветувањата што им ги даде на жителите на Скопје.

Македонија

Почна поставувањето семафори на крстосницата кај „Васко Карангелевски“ во Аеродром

Објавено пред

Денес екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје започнаа со градежните активности од првата фаза за поставување на светлосна сигнализација на крстосницата од улиците „Васко Карангелевски“ и „Ангел Димовски“ во населбата Аеродром.

dobivaj vesti na viber

„Работните активности се изведуваат по налог на Град Скопје, односно  согласно основен сообраќаен проект за воведување на светлосни сигнали на оваа крстосница донесен од Град Скопје и според долгоочекуваната согласност од Министерството за внатрешни работи“, велат од „Улици и патишта“.

Во оваа фаза се врши рачен и машински ископ на земјан материјал за поставување темели на семафорски столбови и ископи за спроведување на електричната инсталација. По завршувањето на градежните работи, ќе следува монтажа на семафорската опрема и сигнализација.

Со поставувањето на новата семафоризирана крстосница, ќе се подобри проточноста на сообраќајот и значително ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот во овој дел од градот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Три нови битолски училишта ќе добијат фотоволтаици до крајот на учебната година

Објавено пред

Општина Битола до крајот на учебната година ќе постави фотоволтаични системи на уште три згради на основните училишта во градот. Со оваа мерка, локалната самоуправа продолжува со активностите за зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во образовните установи.

dobivaj vesti na viber

Во текот на овие денови се вршат теренски проверки на состојбата на покривите на училиштата, како и проценка на можностите за најсоодветна позиција за поставување на соларните панели.

По завршувањето на анализите и објавувањето на тендерските постапки ќе следува и реализацијата, односно поставувањето на новите фотоволтаични соларни централи за производство на електрична енергија во три нови битолски училишта.

Со воведувањето на фотоволтаиците се очекува училиштата да остварат значителни заштеди во трошоците за електрична енергија и да придонесат кон намалување на јаглеродните емисии во општината.

Во моментов, на 10 објекти на основни и средни училишта во Општина Битола се поставени сончеви панели. Кон крајот на 2023 година, на објектот на училиштето и градинката во населбата Долно Оризари беше поставена првата фотоволтаична електрична централа во училиштата, по што во 2024 година беа поставени уште девет — три на средни и шест на основни училишта.

Прикажи повеќе...

Македонија

Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата

Објавено пред

В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ.

dobivaj vesti na viber

Адвокатот изјави дека оставката не е поврзана со признание на вина, туку со желба да не влијае на истрагата.

„Тоа е чин што ќе овозможи непречено водење на постапката. Ќе докажеме дека Рустеми нема никаква поврзаност со делото“, рече адвокатот.

Според него, постојат докази дека Рустеми презел активности за обезбедување механизација и ресурси, но дека неговите барања не биле одобрени од управниот одбор на претпријатието.

Рустеми и Аки Саити, управител за отпад во претпријатието, добија мерка притвор од 30 дена поради основано сомнение за сторено кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад, како и опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата

В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат...

Македонија1 час

Царината заплени речиси три илјади парчиња стока: облека со потпис на заштитени трговски марки, алкохол, електронски цигари, автоделови

На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока,...

Македонија1 час

Орце Ѓорѓиевски по дебатата со Мециновиќ: Скопјани сакаат дела и резултати

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по синоќешната дебата со опонентот од Левица, Амар Мециновиќ, објави...

Македонија1 час

Мециновиќ по дебатата: Ова е генерациска борба на непривилегираните

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, по вчерашната прва дебата со неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце...

Македонија2 часа

Обвинение за смрт на работник: камион паднал во Вардар возејќи на импровизирана патека, возачот останал заробен и починал

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член...

Македонија3 часа

Кривична против поранешен директор, заменик-директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за проневера во службата

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Свет5 часа

Орбан е пред голема дилема: Трамп или руска нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се наоѓа во незавидна позиција – притиснат помеѓу неговата зависност од руската нафта и притисокот од...

Европа6 часа

Зеленски даде наредба: Украина почнува да извезува оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му нареди на украинското Министерство за одбрана да започне „контролиран извоз“ на украинско оружје во странство...

Свет6 часа

(Видео) Властите на Јамајка предупредуваат: Внимавајте се од крокодили

Јамајканските власти ги предупредија жителите за уште една опасност предизвикана од разорното уништување од ураганот Мелиса – крокодили кои можеби...

Свет6 часа

Северна Кореја лансира крстосувачки ракети: летаа два часа

Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети море-земја западно од Корејскиот Полуостров, објави државната новинска агенција KCNA, токму во време кога американскиот...

Свет6 часа

(Видео) Страшниот ураган ја опустоши Јамајка: сега се движи кон Куба станувајќи сè посилен

Екстремнно моќниот ураган Мелиса се движи кон Куба откако ја опустоши Јамајка. Тоа е најсилната бура со која некогаш се...

Македонија19 часа

Еден од министрите, секој ден плаче и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, вели Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи го повикува Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран...

Македонија22 часа

(Видео) Илјадници пластични шишиња во Вардар, од Министерството за животна средина велат виновни се слабите комунални услуги

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека појавата на пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и...

Македонија24 часа

Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“

Скопското обвинителство побара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и за еден управител за...

Македонија1 ден

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонскиот грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Енергетиката е поставена високо на државната агенда – не како техничко прашање, туку како национален приоритет

Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритети државна стратегија, рече премиерот, Христијан...

Топ1 ден

Во Кавадарци со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот

Обвинителството ги откри мотивите за грозоморното убиство што се случи летово во Кавадарци. Утврдено е дека 43-годишникот го убил својот...

Свет1 ден

(Видео) Јамајка се подготвува за најлошиот ураган во историјата

Три лица веќе загинаа на Јамајка, додека островот се подготвува за најсилната бура во светот оваа година, а можеби и...

Европа1 ден

Русија: Украина ја напаѓа Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред

Украина ја нападна Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред, соопштија денес руското Министерство за одбрана и градоначалникот на...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија во австралиски рудник, двајца загинати

Две лица загинаа, а едно беше повредено денес во експлозија во од неодамна повторно отворен рудник во австралиската држава Нов...