Македонија
Општина Чаир го одбележa Меѓународниот ден на аутизмот
Денеска во просториите на Културно-информативниот центар (КИЦ), Општина Чаир, во соработка со невладината организација „Имаго плус” и во присуство на претставникот на организацијата УНИЦЕФ, Бењамин Перкс, и министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска, го одбележа 2 Април – Меѓународниот ден на аутизмот.
„Овој датум нè собра сите нас на едно место за да размислуваме за актуелната состојба на човековата свест во поглед на социјалниот третман на лицата засегнати со оваа честа појава. Треба да ја разбудиме еднаш засекогаш оваа заспана совест и да дадеме јасна порака дека лицата со аутизам се дел од нашето општество кои треба да ги уживаат природните човекови права како и сите други. Тоа несомнено е можно само преку моралната должност на институционална грижа во која не треба да се штедат механизми и треба посериозно да ѝ се посвети на работата за подобрување на квалитетниот живот на децата со аутизам и нивните семејства. Аутизмот не е само предизвик за децата, ниту е предизвик само за родителите кои се во секој миг покрај нивните деца, ниту само на наставниците кои ги воспитуваат овие деца. Ова е и треба да биде во континуитет и наш заеднички предизвик за секогаш да бидеме близу до овие деца и нивните родители не дозволувајќи во ниту еден начин да се чувствуваат дискриминирани“, се наведува во соопштението на Општина Чаир.
По овој повод, општината изразува целосна поддршка за иницијативите и работата на Здружението за подигнување на психо-социјалната свест „Имаго плус“, како и за изградба на дневен центар за згрижување на овие деца. „Апелираме на ваквите иницијативи да се придружат и другите институции од земјава. Заедно можеме многу да направиме за нивната здрава иднина. Лекари, политичари, терапевти, блиски роднини, колеги, сите треба да се обединиме и да ја дадеме безрезервната поддршка за овие деца, кои имаат потреба од љубов. Сите заедно да градиме среќна иднина за овие деца станувајќи причина за нивната среќа и насмевка“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница
Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат од СДСМ.
„Помина една недела од објавата на големиот картелски скандал со 5 тони дрога, запленета во соседна Србија која дошла од Македонија. Сè уште нема одговор како 5 тони дрога поминале преку македонската граница? Кој ќе одговара за овој картелски скандал и кој од власта е вмешан? Бидејќи на сите им е јасно, без поддршка на структури во власта, МВР, Царина, невозможно е 5 тони дрога да се шверцуваат преку граница. СДСМ со денови алармира за поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија. Власта молчи, исто како што молчи за сликите на Мицкоски со криминалецот Симе. Сега граѓаните гледаат медиумска кампања со заплени на канабис и обиди на власта да дефокусира од главното прашање: кој дозволи 5 тони дрогата да помине преку граница?“, велат од СДСМ.
Од таму велат дека законскиот основ за производство на медицински канабис во Македонија го направиле ВМРО и Никола Груевски со измени на Законот на 9 ти февруари 2016 година.
„Првата лиценца за одгледување медицински канабис во Македонија била издадена во февруари 2017 во време на ВМРО. Производството на канабис почнало во мај 2017. Доколку само поради нивната медиумска кампања и сензационализам, се запленуваат и легални количини државата може да се случи на кај државата да плаќа и отштета. Затоа ова бркање вештерки по компании е фарса а истото се случува и во Србија. Целата кампања повторно ја прават по рецептот на Вучиќ – сè е copy-paste“, велат од СДСМ.
Македонија
„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз
Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана (Cannabis sativa) за наводни медициски цели.
„Досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции (Мин.за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други) издало 61 лиценца на фирми кои можеле да произведуваат марихуана за медицински цели.
Повеќе од јасно е дека контролата затаила поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу нарко-мафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи нарко-мафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание“, велат од ДС.
„Демократски сојуз силно ја поддржува акцијата на МВР за заплена на канабисот и инсистира да постапува неселективно и јавно да бидат објавени сопствениците (формални и неформални) на фирмите кои произведуваат канабис, кој и кога ги издал лиценците за производство на канабис итн.
Министерството за здравство во соработка со другите надлежни институции да објави колку количини на канабис се произведени, каде се тие количини (продадени, на залиха, украдени итн.) и колку профит е остварен.
Запленетите 32 тона канабис (5 во Србија и 27 тони во Македонија), тоа е засега гребење по површината на овој нарко-бизнис кој има тешки последици по здравјето на младите генерации, политичката стабилност, владеење на правото и меѓународниот углед на државата.
Бараме да се прошири одговорноста и кон носителите на функции од надлежните министерства кои издавале лиценци и кои затаиле со контролата на спроведување на законите за да се спречат злоупотребите.
Одземените количини се премногу за Балканот, а не за медицинските потреби на Македонија. Очигледно е дека првобитната хумана цел е злоупотребена и затоа се потребни итни законски промени“, соопштуваат од Демократскиот сојуз.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

