Економија
Намалена каматната стапка за кредити на Македонската банка за поддршка на развојот
Владата на 62. седница, која е во тек, го разгледа и усвои полугодишниот извештај за износот и бројот на одобрени кредити од посебниот кредитен фонд (ПКФ), структурата по банки учеснички, како и состојбата на салдото и го овласти министерот за финансии, Драган Тевдовски, со Македонската банка за поддршка на развојот АД Скопје (МБПР) да потпише анекс кон договорот за администрирање посебен кредитен фонд бр.51-422/1 од 21.1.2011 година склучен меѓу Владата и МБПР.
Со анекс на договорот склучен со МБПР ќе се намали каматната стапка за банките учеснички од 3 отсто фиксно годишно на 2 отсто фиксно годишно, ќе се намали каматната стапка за крајните корисници од 8 отсто годишно до 5 отсто годишно, ќе се зголеми максималниот рок на отплата на кредитите од 8 на 10 години и ќе се овозможи пласирање кредити со намена и само за обртни средства со рок на отплата до 3 години со вклучен грејс-период до 6 месеци и со тоа ќе се обезбеди поголема поддршка на развојот од страна на Банката.
Како дополнителен заклучок Владата ја задолжи Македонската банка за поддршка на развојот АД Скопје да подготви стратегија за зголемување на капацитетите за финансирање македонски компании, со поконкурентни цени и услуги, како и подобрување на условите за осигурување на извозот на македонски производи и во рок од 15 дена да ја достави до Владата.
На 62. седница на Владата, која е во тек, се разгледуваат и други точки од интерес на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN (CNBC).
Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поени.
Економија
Во октомври годишен раст од 11,0 отсто на вкупните депозити и од 9,2 отсто на вкупната кредитна поддршка
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,0%, којшто произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.
Економија
Преку Wine vision by Open Balkan ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна
Од 22 до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan“ каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна.
Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.
Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата.
Во склоп на настанот кој што се одржува овие неколку дена ќе се одржи и македонска вечер на која што ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.
Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна, велат од МЗШВ.