Македонија
Двајцата антикорупционери не поднесуваат оставки, од ДКСК демантираат дека се на одмор

Службите во Антикорупциската комисија редовно ги ажурираат податоците за акетните листови за имотната состојба на сите избрани и именувани функционери, велат од ДКСК по информацијата дека вработените во администрацијата се на колективен одмор откако претседателот и четворица од членовите на Комисијата си поднесоа оставки.
– Одделението секој ден ги ажурира податоците, Секретаријатот како стручна служба ги врши административните и техничките работи на ДКСК, велат од Комисијата.
Од ДКСК претходно известија дека со оглед на тоа што на 19 март 2018 година од страна на Собранието е донесена одлука за разрешување членови на ДКСК, со која се разрешени од функцијата пет членови на ДКСК, во претстојниот период нема можност да одлучува и решава по однос на доставените барања и пријави од странките, во согласност со начинот на работа на ДКСК утврден во член 51 од Законот за спречување на корупцијата. Секретаријатот, како што соопштија, ќе ја прима и администрира целокупната документација што ќе пристига на адреса на ДКСК.
Од Комисијата додаваат дека сè уште има само двајца членови, а од Собранието потврдуваат дека тие сè уште не ги депонирале своите оставки. Претседателот на Антикорупциската комисија, Игор Тантуровски, како и членовите на комисијата Горан Миленков, Жаклина Дамчевска, Сејди Халили, Фадие Алиу поднесоа оставки пред повеќе од еден месец откако изби скандалот дека членови на комисијата лажирале сметки за патни трошоци и изнајмувале станови по нереални цели, што покажа внатрешната ревизија на УЈП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регионалниот пат преку Јасен од утрово пуштен за сообраќај

Денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од Министерството за внатрешни работи.
Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмор, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра.
Според последните информации огнот се проширил и зафатил возило на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.
На местото на настанот биле присутни противпожарни возила кои го гаселе пожарот.
Македонија
Без струја делови од Карпош и Центар

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Анкарска бр. 31. ( општина Карпош )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Загребска. ( општина Центар )