Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Законот за енергетика не е правен за граѓаните, туку за потребите на Анѓушев
Законот за енергетика не е правен за потребите на граѓаните, туку за потребите на Кочо Анѓушев и трговците со струја. Новите фидинг тарифи кои се планираат ќе ја зголемат цената на електричната енергија што ќе ја плаќаат граѓаните. Граѓаните не добиваат поевтина струја. Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, либерализацијата на пазарот беше предвидена и од ВМРО-ДПМНЕ. Но, доколку овој закон беше реализиран од ВМРО-ДПМНЕ, овој закон ќе беше многу поправеден за граѓаните и за државата. „Овој закон е преседан во спротивност со ЕУ директивите. Со овој закон дополнително ќе се сменат независните членови на регулаторните тела. Тој остава и премногу нерегулирана материја, која понатаму ќе треба да се регулира со подзаконски акти. Со овој закон власта предвидува и постоење универзален снабдувач на електрична енергија, субјект кој до 2025 година ќе има обврска да купува 80% од производството на ЕЛЕМ првата година, процент кој ќе се намалува до 2025 година и ќе изнесува 30%. Дополнително се отвора прашањето што ќе се случи со ЕЛЕМ по 2025 година, кога никој нема да има обврска да купува струја од претпријатието. Во таква ситуација ќе имаме ситуација каде голем број од трговците со струја истата ќе ја набавуваат од странскиот пазар, за сметка на нашето домашно производство“, се вели во соопштението.
Според опозициската партија, нејасно е кој ќе ја контролира цената на струјата која ЕЛЕМ ќе му ја продава на универзалниот понудувач. „Овој закон не е во корист на граѓаните. Овој закон е во корист на Анѓушев и трговците со струја. Анѓушев, како и до сега, така и сега не пропушти да ги пофали добрите мерки на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мерката за енергетска сиромаштија со која се фали Анѓушев не е нова мерка и истата мерка која е во тек е спроведена од страна на ВМРО-ДПМНЕ уште во 2010 година, кога надоместот што го земаа граѓаните изнесуваше 600 денари, кој во 2012 година се покачи на 700, а во 2015 година е зголемен на 800 денари. Овој закон е на штета на граѓаните. Граѓаните заслужуваат подобро“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Димитриеска-Кочоска: Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет, но ќе работиме
Ја изразувам мојата благодарност за сета доверба, но и одговорност, кои ми ги укажаa претседателот Христијан Мицкоски, Извршниот Комитет и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предложувајќи ме за министер за финансии во идната Влада, објави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска.
„Знам колку големи се очекувањата на сите граѓани на Македонија во овие тешки времиња, добро се сеќавам на сите разговори во изминатите години со секој еден граѓанин со кој се сретнав и знам на што се обврзав. Свесна сум за одговорноста која нѐ очекува по преземањето на функциите, но исто така знам дека со посветена работа секоја препрека ќе ја надминеме. Програмата по која ќе работи идната Влада на Република Македонија има голема задача, а таа е враќање на Македонија на народот. Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет кој е лошо планиран и што уште не. Но, ќе работиме, тоа е единственото што го знаеме, затоа што секој од нас е посветен работник.“, изјави Димитриеска Кочоска.
Економија
Од полноќ поскапуваат горивата
Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат 1,00 денар/л во однос на одлуката од 14.6.2024, и со тоа малопродажната цена на ЕВРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,00 денар/л, а цената на ЕВРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83,00 денари/л.
Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат 0,50 денари/л и цената на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) ќе изнесува 74,00 денари/л, а на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 73,00 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,819 денари/кг и ќе изнесува 44,458 денари/кг.
Економија
Поголема европска интеграција на економиите, делегација на ССК на конгрес на Европската комора во Антверпен, Белгија
Во Антверпен на 17-тото издание на конгресот на Eurochambres од 12-14 јуни ,беше присутна делегација на Сојуз на стопански комори на Македонија предводена од претседателот Трајан Ангелоски, потпреседателот Сашо Дукоски , Соња Божиновска и Сања Божиновска членoви на ССK .
Конгресот на Eurochambres 2024 го отвори Кети Беркс, гувернер на провинцијата Антверпен,и Владимир Длоухи, претседател на Eurochambres,настан кој е катализатор за соработка, размена на знаење и зајакнување на мрежата,и е врвен собир на претставници на Коморите од цела Европа,претседатели, членови, извршни директори, генерални секретари, директори и менаџери,на едно место се присутни експерти кои со своите експертски излагања допринесуваат да се обликува иднината на европските комори.
Фокусна точка на конгресот беа Kоморите – нивните деловни модели, услуги, улоги и поддршка за бизнисите и креаторите на политиките кои се стремат кон брзо и одржливо економско закрепнување по неколкуте предизвикувачки години за европската деловна заедница.
Закажан само неколку дена по изборите за Европскиот парламент, настанот има особено значење бидејќи изборните резултати ќе ја обликуваат агендата на политиката на ЕУ за следните пет години. Високи креатори на политики и претставници на бизнисот и коморите се состанаа за да разговараат за овие клучни резултати и нивните импликации.
Главна тема на конгресот беше конкурентноста,и зелена транзиција кои се клучни, и главни за сите стопански и индустриски комори кои имаат важна улога во поддршката на бизнисите, во нивно одржување и понатамошен развој,и делување на целосното исполнување на единствениот пазар и обезбедувањето вистински рамноправни услови за бизнис. Помеѓу клучните чекори од дијалогот беше потребата од решавање на цените на енергијата кои остануваат многу повисоки ,и имаат големо влијание врз конкурентноста нa бизнисите.
„Во брзо менувачко опкружување, Коморите можат да понудат решенија и имаат клучна улога во предвидувањето на компетенциите што ќе им бидат потребни на бизнисите во иднина.За таа цел, го зајакнуваме нашиот ангажман со приватниот сектор и Европските комори и главни полиња на соработка и делување ни се : енергична модерна економија, чиста технологии,зелена инфраструктура ,тоа е и наша стратегија за долгорочен раст и просперитет,со можност за создавање работни места со висока вредност и модерен и одржлив економски раст и ефективно работиме на нашите приоритети иновациите, соработката и стратешкото лидерство“, истакна Ангелоски.