Економија
Почнува пријавувањето за субвенции за соларни колектори и ПВЦ-прозорци во домаќинствата
Започна пријавувањето на домаќинствата за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци и за купени и вградени сончеви термални колекторски системи, двете преостанати мерки од програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година, чиј носител е Министерството за економија.
Огласот за овие субвенции е објавен на 30 март и ќе трае до крајот на август, но доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен сè до искористување на предвидените средства за оваа намена.
Така, за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 отсто, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност за домаќинство, за 2018 година обезбеден е буџет во износ од 30.000.000 денари. Надоместокот на дел од средствата за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе може да го остварат лицата што во своите домови имаат купено и вградено ПВЦ или алуминиумски прозорци во периодот од денот на објавувањето на јавниот оглас, под услов купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на ПВЦ или алуминиумски прозорци во својот дом врз основа на минатогодишниот јавeн повик на Министерството за економија. Покрај пополнетиот образец за барање, кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет-страницата на Министерството, треба да се достави доказ во оригинал дека е извршено купувањето ПВЦ или алуминиумски прозорци (фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршено плаќање за производот/услугата, издадени по денот на објавувањето на огласот), фотографии во боја од секој дрвен прозорец што се заменува во домот и фотографии во боја од секој ПВЦ или алуминиумски прозорец што се вградува во домот (пред и потоа), фотокопија од лична карта и податоци за трансакциската сметка на барателот.
Во однос на мерката што предвидува надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2018 година, која се спроведува деветти пат, буџетот изнесува 6 милиони денари. Условите остануваат исти како и претходните години, односно се надоместуваат до 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за домаќинство.
За оваа мерка може да аплицираат сите домаќинства што имаат купено и вградено во своите домови колекторски систем во периодот на времетраење на јавниот оглас, а притоа го немаат искористено правото на поврат на дел од средствата за оваа намена врз основа на претходните јавни огласи на Министерството за економија објавени во 2007, 2009, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и во 2017 година. И за оваа мерка доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен сè до искористување на предвидените средства за оваа намена, а за пријавување се доставуваат пополнет образец за барање, доказ во оригинал дека е извршено купувањето на ПВЦ или алуминиумски прозорци (фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршено плаќање за производот/услугата, издадени по денот на објавувањето на огласот), фотокопија од лична карта и податоци за трансакциската сметка на барателот.
Барањата за искористување на правото на надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да се достават во затворен плик до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр. 15 по пошта или во архивата на Министерството, секој работен ден од 9.30 до 15 часот, со назнака за огласот за кој се пријавува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

